Архаизам - категорија

паал повеќе

паалот
Вид збор: Именка, машки род
Уште на сето тоа, згора, за беља.
Англиски: additionally
Примери:
За паалот, ете ти го Ристе.

павта повеќе

Види и: пафта (ж.)
Вид збор: Именка, женски род
пафта

пагуба повеќе

Вид збор: Именка, женски род
загуба, штета
Англиски: loss

пагубен повеќе

пагубна
Вид збор: Придавка
погубен
Англиски: deadly

пагубно повеќе

Вид збор: Прилог
погубно
Англиски: deadly

пазарлама повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
пазарлак
Англиски: bargain Турски: pazarlama

пазарџибашија повеќе

мн. пазарбашии
Вид збор: Именка, машки род
Лицето кое од куќата (домот) оди на пазар, да пазари; тоа обично е старешината, домаќинот на куќата, домот.
Примери:
Пазарбашијата не е дома.

пазван повеќе

мн. пазвани
Вид збор: Именка, машки род
Ноќен чувар на населбата.
Англиски: watchman

пазвант повеќе

Види и: пазван (м.)
мн. пазванти
Вид збор: Именка, машки род
Ноќен чувар на населбата.
Англиски: watchman

пазвантин повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Ноќен чувар на населбата.
Англиски: watchman

пазител повеќе

мн. пазители
Вид збор: Именка, машки род
Тој што чува, заштитува духовни вредности, бдее за заштита на некаква јавна вредност или за почитување ред, законитост и сл.
Англиски: guardian

пај повеќе

мн. пајеви
Вид збор: Именка, машки род
Делот што некој го добива при делбата.
Англиски: share Турски: pay

пајда повеќе

мн. пајди
Вид збор: Именка, женски род
железна стапица
Англиски: trap
Примери:
Пајда за ловење дивеч.

пајдос повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Прекин на работата, одмор, пауза, починка од работа.
Англиски: break Турски: paydos

пајдоса повеќе

пајдосат
Вид збор: Глагол, свршен
пропадна
Англиски: disappear Албански: humbet, zhduket

пајдосува повеќе

пајдосуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
пропаѓа
Англиски: ruin Албански: humbet, zhduket
свршува, завршува работа
Англиски: complete Албански: mbaroj, kryej

пајташ повеќе

мн. пајташи
Вид збор: Именка, машки род
другар, пријател, соучесник
Англиски: pal Турски: pâydâş

пајтон повеќе

мн. пајтони
Вид збор: Именка, машки род
Луксузна отворена, со настрешница, коњска кола за превоз на патници.
Англиски: carriage Турски: payton Албански: pajton, karrocë, qerre

пајтонџилак повеќе

пајтонџилакот
Вид збор: Именка, машки род
Занимање на возач на пајтон.
Англиски: coachmanship Турски: faytonculuk

пала повеќе

палата
Вид збор: Именка, женски род
Оружје слично на сабја.
Англиски: sabre Турски: pala Албански: lloj shpate
среќа, царство
Англиски: happiness Албански: fatmirësi, lumturi
спокојство, мир
Англиски: peace Албански: paq, rahati

паланка повеќе

мн. паланки
Вид збор: Именка, женски род
Гратче, населба со мал број жители во која односите на луѓето се непосредни.
Англиски: small town

паларија повеќе

мн. паларии
Вид збор: Именка, женски род
Капа со козирка.
Англиски: hat

паласка повеќе

мн. паласки
Вид збор: Именка, женски род
Кожено чантиче за чување куршуми.

палат повеќе

Види и: палата (ж.)
мн. палати
Вид збор: Именка, машки род
Владетелски дворец.
Англиски: palace Албански: pallat
Богаташка куќа.
Англиски: palace Албански: pallat

паликар повеќе

Вид збор: Именка, машки род
јунак
Англиски: hero Турски: palikarya

пампур повеќе

мн. пампури
Вид збор: Именка, машки род
воз (на пареа)
Англиски: train Албански: tren, pampur
пароброд
Англиски: steamer Албански: vapor

пампурџија повеќе

мн. пампурџии
Вид збор: Именка, машки род
Мајстор кој изработува лимени печки, ќумбиња.

памукчија повеќе

мн. памукчии
Вид збор: Именка, машки род
Тој што продава памук.
Турски: pamukçu Албански: pambukxhi
Тој што растресува памук со дрндало.
Албански: pambukxhi

памукчиски повеќе

Види и: памук (м.)
памукчискиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на памукчија, што е од памукчија.

панаѓуриште повеќе

мн. панаѓуришта
Вид збор: Именка, среден род
панаѓур
Англиски: fair

панго повеќе

мн. панга
Вид збор: Именка, среден род
вид креденец

пандур повеќе

мн. пандури
Вид збор: Именка, машки род
вооружен полициски чувар
Англиски: guard Албански: pandur
Примери:
општински пандур

пандурски повеќе

пандурска
Вид збор: Придавка
Што се однесува на, што е од пандур.
Примери:
Пандурска служба.

панија повеќе

мн. пании
Вид збор: Именка, женски род
пајка, патка, шатка
Латински: Anas Англиски: duck

панта повеќе

мн. панти
Вид збор: Именка, женски род
(повообичаено мн. панти) Карти за играње.
Примери:
Не игра панта.

пантаџија повеќе

мн. пантаџии
Вид збор: Именка, машки род
коцкар, картаџија
Англиски: gambler

пантаџилак повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Играње карти, картање.
Англиски: gambling

панукла повеќе

(едн.) пануклата
Вид збор: Именка, женски род
чума
Англиски: plague
Примери:
Пануклата кога биеше, помалку луѓе имаше.

папа повеќе

мн. папи
Вид збор: Именка, машки род
(обично пред името) поп
Англиски: priest Албански: papa

папази повеќе

Вид збор: Именка, множина
Карти за играње.

папаска повеќе

мн. папаски
Вид збор: Именка, женски род
Карта од шпилот (купот) карти за играње.
Англиски: queen Турски: papaz

папук повеќе

мн. папуци
Вид збор: Именка, машки род
вид обувки
Англиски: slipper Албански: heqël, pantofël

папуџија повеќе

мн. папуџии
Вид збор: Именка, машки род
Оној што произведува папучи, влечки.
Англиски: shoemaker Турски: pabuççu

папуџилак повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Папуџиски занает (и работа).

папуџиски повеќе

Вид збор: Придавка
што се однесува на, што е од папуџија.

пара повеќе

мн. пари
Вид збор: Именка, женски род
Четириесетти дел од грошот.
Албански: pare (e dyzeta pjesë e groshit)

параволија повеќе

мн. параволии
Вид збор: Именка, женски род
парабола
Англиски: parable
Примери:
Параволијата од богатиот и од Лазара.

парадиз повеќе

Вид збор: Именка, машки род
рај
Англиски: paradise

параса повеќе

парасат
Вид збор: Глагол, свршен
остави, напушти, трати
Англиски: abandon
Примери:
Парасај го!

параспур повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Растурена, необработувана нива.
Англиски: fallow Албански: arë e papunuar
Нива на којашто работи наполичар.
Албански: arë ku punohet me mëditje

параспурен повеќе

параспурна
Вид збор: Придавка
Дадено на наем.
Англиски: rented Албански: dhënë me qira
Примери:
Папаспурна нива - нива дадена на наполичар.

параспуриште повеќе

Вид збор: Именка, среден род
Земјиште кое некогаш припаѓало на ага а кое го давал на бесплатно уживање на чивчија.
Албански: paraspyrishte

параспурџија повеќе

мн. параспурџии
Вид збор: Именка, машки род
Оној што со своите волови оди кај пријател на орање.
Албански: lëvron me kie te shoku
наполичар
Англиски: day labourer

параход повеќе

Види и: пароброд (м.)
мн. параходите
Вид збор: Именка, машки род
пароброд
Англиски: steamer

параходен повеќе

параходна
Вид збор: Придавка
паробродски

пардон повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
признание
Англиски: pardon

пармак повеќе

мн. пармаци
Вид збор: Именка, машки род
Колец од ограда на скали, балкон, чардак и сл.
Англиски: pole Турски: parmak

пармаклак повеќе

мн. пармаклаци
Вид збор: Именка, машки род
Ограда од пармаци
Англиски: fence Турски: parmaklık

пароброд повеќе

Види и: параход (м.)
мн. пароброди
Вид збор: Именка, машки род
Брод движен со пара.
Англиски: steamer

парса повеќе

(едн.) парсата
Вид збор: Именка, женски род
Сумата која ја собира кафеџијата од играњето карти (по час или повеќе време).
Албански: shuma e parave që mbledh kafexhiu nga luajtja me letra

парчеледиса повеќе

Види и: парчоса (св.)
(се) парчелдисат
Вид збор: Глагол, свршен
парчоса
Англиски: tear apart Турски: parçalanmak

пасладиса повеќе

(се) пасладисаат
Вид збор: Глагол, свршен
се испружува, се простира
Англиски: spread

пастрење повеќе

Вид збор: Именка, среден род
чување, пазење, вардење, криење
Англиски: hiding

пастри повеќе

пастрат
Вид збор: Глагол, несвршен
чува, пази, варди, крие, штеди
Англиски: save Албански: ruaj
Примери:
(разг.) Тој пастри некоја пара.
(се пастри) се чува, се варди
Англиски: guard Албански: ruhem, mbrohem

патла повеќе

Види и: патлаган (м.)
мн. патли
Вид збор: Именка, женски род
каписла
Англиски: fuse Турски: patlamak

патлаган повеќе

Види и: патла (ж.)
мн. патлагани
Вид збор: Именка, машки род
каписла
Англиски: fuse

патлак повеќе

мн. патлаци
Вид збор: Именка, машки род
пиштол
Англиски: pistol Турски: patlak Албански: patllak, revole
пенис
Англиски: penis Албански: penis

патријаршија повеќе

мн. патријаршии
Вид збор: Именка, женски род
Самостојна црковна област управувана од патријарх.
Албански: patrikanë
Седиштето, зградата, на патријархот.
Албански: patrikanë

патрик повеќе

Види и: патријарх (м.)
мн. патрици
Вид збор: Именка, машки род
Така народот ги нарекувал Охридските архиепископи.

патрикана повеќе

Вид збор: Именка, женски род
патријаршија
Албански: patrikanë

пачариз повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Лом, безредие.
Англиски: mess Турски: paçarız

пашалија повеќе

Види и: пашинец (м.)
мн. пашалии
Вид збор: Именка, машки род
пашинец

пашапорт повеќе

Види и: паспорт (м.)
мн. пашапорти
Вид збор: Именка, машки род
паспорт

пашинец повеќе

мн. пашинци
Вид збор: Именка, машки род
Човек на пашата.
Примери:
Пашата со пашинците.

пеанија повеќе

мн. пеании
Вид збор: Именка, женски род
Црквено пеење.
Англиски: singing Албански: këndime kishtare
Примери:
Се кажаа пеаниите и се пушти црквата.

певец повеќе

мн. певци
Вид збор: Именка, машки род
црковен пејач
Англиски: church singer Албански: psaltës

педесетдрамник повеќе

мн. педесетдрамници
Вид збор: Именка, машки род
Тег од педесет драма.
Англиски: weight Албански: peshore prej 50 dramë
Сад од плех во кој што се мери до педесет драма.
Албански: enë teneqe ku matet deri në 50 gram

пее повеќе

пеат
Вид збор: Глагол, несвршен
чита
Англиски: read Албански: këndoj, lexoj
пишува
Англиски: write Албански: shkruaj

пеење повеќе

Види и: пее (несв.)
мн. пеења
Вид збор: Именка, среден род
читање
Англиски: reading Албански: lexim
Читање молитва за здравје и сл.
Англиски: praying Албански: lexim

пезевенк повеќе

мн. пезевенци
Вид збор: Именка, машки род
подмолник
Англиски: scum Турски: pezevenk Албански: pezevenk, pimp
подведувач, макро, сводник
Англиски: pimp Албански: pezevenk

пезевенклак повеќе

Види и: пезевенлак (м.)
мн. пезевенклаци
Вид збор: Именка, машки род
мангупштина
Англиски: swindle

пезевенлак повеќе

мн. пезевенлаци
Вид збор: Именка, машки род
мангупштина
Англиски: swindle Турски: pezevenklik

пезивол повеќе

Вид збор: Именка, машки род
вид рибарска мрежа

пеј повеќе

пејови
Вид збор: Именка, машки род
капар
Англиски: deposit payment Албански: pej, kapar

пеки повеќе

Вид збор: Честичка
добро, во ред
Англиски: all right Турски: peki

пеливан повеќе

мн. пеливани
Вид збор: Именка, машки род
борач
Англиски: wrestler Турски: pehlivan Албански: pelivan, mundës
Примери:
Луѓето направија круг на ливадата околу пеливаните.

пелте повеќе

Види и: пељте (ср.)
(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Вид желе од овошен сок.
Англиски: jelly Турски: pelte Албански: pelte

пепелар повеќе

мн. пепелари
Вид збор: Именка, машки род
Тој што приготвувал и продавал пепел.

пепеларка повеќе

мн. пепеларки
Вид збор: Именка, женски род
жена пепеларка

пеплоса повеќе

пеплосаат
Вид збор: Глагол, свршен
Претвори во пепел.
Англиски: turn to ashes Албански: bëhet hi
(се пеплоса) Се претвори во пепел.
Англиски: turn to ashes Албански: bëhet hi

пергел повеќе

Вид збор: Именка, машки род
шестар, шестало
Англиски: dividers Турски: pergel

пердав повеќе

мн. пердави
Вид збор: Именка, машки род
ќотек
Англиски: thrashing Албански: dajak, rrahje
пердашење
Албански: rrahje

периз повеќе

Вид збор: Именка, машки род
диета
Англиски: diet Турски: perhiz
Примери:
Држи периз два-три дена.

перче повеќе

мн. перчиња
Вид збор: Именка, среден род
перчин
Албански: kaçul, perçe

перчик повеќе

Види и: перчин (м.)
мн. перчици
Вид збор: Именка, машки род
перчин

перчин повеќе

перчинот
Вид збор: Именка, машки род
Кај маж - плетенка коса од врвот на темето.
Англиски: plait Турски: perçin Албански: gërshetë

перчинлија повеќе

мн. перчинлии
Вид збор: Именка, машки род
Тој што носи перчин.
Англиски: plaited Турски: perçinli

перчук повеќе

Види и: перчин (м.)
мн. перчуци
Вид збор: Именка, машки род
перчин

пескар повеќе

мн. пескари
Вид збор: Именка, машки род
Човек што вади и продава песок.
Албански: zallëxhi

пескара повеќе

Вид збор: Именка, женски род
песоча

песоча повеќе

Вид збор: Именка, женски род
коритница

песочница повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Кутиче со песок за потурање на напишаното наместо попивна хартија.

петак повеќе

Види и: петаче (ср.)
мн. петаци
Вид збор: Именка, машки род
петаче

петало повеќе

мн. петала
Вид збор: Именка, среден род
поткова
Англиски: horseshoe

петаче повеќе

мн. петачиња
Вид збор: Именка, среден род
Бакарна монета со вредност од пет пари.
Англиски: copper coin

петимија повеќе

Вид збор: Придавка
жален, страден, мил, гален
Англиски: charming
Примери:
Имала мајка сина петимија.

петлаче повеќе

Види и: петаче (ср.)
мн. петлачиња
Вид збор: Именка, среден род
петаче
Англиски: copper coin

петтокласник повеќе

мн. петтокласници
Вид збор: Именка, машки род
Ученик во гимназија.

петтокласничка повеќе

Вид збор: Именка, женски род
ученичка вогимназија.

печал повеќе

Вид збор: Именка, машки род
печалба
Англиски: migration

печал повеќе

Вид збор: Именка, женски род
жал, тага, тегобност
Англиски: sorrow

печален повеќе

печална
Вид збор: Придавка
жален, тажен
Англиски: sad

печално повеќе

Вид збор: Прилог
жално, тажно
Англиски: sad

печатар повеќе

мн. печатари
Вид збор: Именка, машки род
Сопственик на печатница.
Албански: pronar shtypshkronje

пече повеќе

печето
Вид збор: Именка, среден род
Парче црно проѕирно платно со кое муслиманките си го криеја лицето, облечени во фереџе или зар.
Англиски: veil Турски: peçe

пеш повеќе

мн. пешеви
Вид збор: Именка, машки род
Предницата од згорно алиште.
Турски: peş

пешин повеќе

Вид збор: Прилог
однапред
Англиски: before Турски: peşin

пешкеш повеќе

мн. пешкеши
Вид збор: Именка, машки род
дар, подарок
Англиски: gift Турски: peşkeş

пештемал повеќе

мн. пештемали
Вид збор: Именка, машки род
Голем пешкир за бришење по капење.
Англиски: towel Турски: peştamal

пештемалџија повеќе

мн. пештемалџии
Вид збор: Именка, машки род
Тој што правел или продавал пештемали, пешкири за амамите.
Англиски: towel maker Турски: peştamalcı Албански: peshtemallxhi
Лице во амамот што им издавало пештемали на капачите.
Англиски: bath attendant Албански: beshtemallxhi, peshqirxhi

пие повеќе

пијат
Вид збор: Глагол, несвршен
пуши
Англиски: smoke Албански: pi

пиење повеќе

Види и: пие (несв.)
мн. пиења
Вид збор: Именка, среден род
пиење тутун
Англиски: smoking Албански: pirje

пизма повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
омраза
Англиски: hate

пизмење повеќе

Вид збор: Именка, среден род
мразење
Англиски: hate

пизми повеќе

пизмат
Вид збор: Глагол, несвршен
Мрази некој или нешто.
Англиски: hate Албански: urrej
(се пизми) Се мрази еден со друг.
Англиски: hate Албански: urrej

пијавичар повеќе

мн. пијавичари
Вид збор: Именка, машки род
Тој што фаќа и продава пијавици.
Англиски: leech seller Албански: shitës shushunjash

пијавичарка повеќе

мн. пијавичарки
Вид збор: Именка, женски род
Жена пијавичар.
Англиски: leech seller Албански: shushunjëmbledhëse
Жена на пијавичар.
Албански: shushunjëmbledhëse

пијанко повеќе

Вид збор: Именка, среден род
лотарија
Англиски: lottery Турски: piyango

пикаса повеќе

пикасаат
Вид збор: Глагол, свршен
забележува
Англиски: notice Албански: vërej
почувствува
Англиски: sense Албански: ndjej

пирг повеќе

Вид збор: Именка, машки род
столб, кула, тврдина
Англиски: fortress Албански: fortesë

пис повеќе

Вид збор: Именка, машки род
нечистотија
Англиски: dirt Турски: pis

писание повеќе

мн. писанија
Вид збор: Именка, среден род
спис, напишено дело, акт, документ
Англиски: document Албански: dokument

писанија повеќе

Вид збор: Именка, женски род
пишанија

писец повеќе

мн. писци
Вид збор: Именка, машки род
перце
Англиски: pen Албански: penë
Примери:
Писецот не му чинел.

писмо повеќе

мн. писма
Вид збор: Именка, среден род
исправа, документ
Англиски: certificate Албански: çertifikatë
Начин на пишување.
Англиски: handwriting Албански: shkrimdore
(мн. писма) букви
Англиски: letter Албански: shkronja

питие повеќе

Види и: пијалак (м.)
мн. питија
Вид збор: Именка, среден род
пијалак
Англиски: drink
Примери:
Јастие (јасје) и питие - јадење и пијалак.

пишанија повеќе

мн. пишании
Вид збор: Именка, женски род
(само едн.) пишано, судбина
Англиски: destiny Албански: fat, e shkruar

пишија повеќе

мн. пишии
Вид збор: Именка, женски род
Танок кравај пржен на масло или зејтин.
Турски: pişi Албански: pishi

пишлија повеќе

мн. пишлии
Вид збор: Именка, машки род
инаетчија
Англиски: pighead

пишманлак повеќе

мн. пишманлаци
Вид збор: Именка, машки род
каење
Англиски: regret Турски: pişmanlık Албански: pendim, pishmanllëk
Откажување од договор, од намера.
Англиски: cancellation Албански: pezullim
Надомест од оној што се откажал од договорот.
Англиски: restitution Албански: dëmshpërblim

пиштолче повеќе

Види и: пиштол (м.)
мн. пиштолчиња
Вид збор: Именка, среден род
пиштол
Англиски: pistol

пишува повеќе

пишуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
црта, шари
Англиски: paint Албански: vizaton

плака повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Табла за пишување.
Англиски: board Албански: pllakë për të shkruar
плоча
Англиски: plate Турски: plaka Албански: pllakë

платнар повеќе

мн. платнари
Вид збор: Именка, машки род
Тој што ткае или продава платна.
Англиски: weaver

платнарка повеќе

мн. платнарки
Вид збор: Именка, женски род
Таа што ткае или продава платно.
Албански: ajo që tjerr ose shet pëlhura
Жена на платнар.
Албански: grua e pëlhuraxhisë

платнарница повеќе

мн. платнарници
Вид збор: Именка, женски род
Дуќан во кој се продавале платна.
Англиски: textile shop Албански: dyqan i pëlhurave

плашт повеќе

мн. плаштови
Вид збор: Именка, машки род
Дебела волнена наметка, мантил без ракави.
Англиски: coat Албански: gunë, gëzof
наметка
Англиски: coat Албански: pelerinë

плетиво повеќе

Вид збор: Именка, среден род
Обичај на шишање кај новороденчиња.
Албански: qethje e foshnjës

плитарница повеќе

мн. плитарници
Вид збор: Именка, женски род
Тулана во која се прави плитар.

плитарџија повеќе

мн. плитарџии
Вид збор: Именка, машки род
Лице што прави плитари.

пљака повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Школска табла за пишување.

погребение повеќе

Види и: погреб (м.)
мн. погребенија
Вид збор: Именка, среден род
погреб
Англиски: burial

поданик повеќе

мн. поданици
Вид збор: Именка, машки род
Лице што има поданство на дадена држава.
Англиски: citizen Албански: shtetas

поданички повеќе

поданичкиот
Вид збор: Придавка
Што припаѓа, што се однесува на поданик.
Англиски: subordinate

поданство повеќе

мн. поданство
Вид збор: Именка, среден род
Припадност на граѓанинот кон дадена држава.
Англиски: citizenship Албански: shtetësi

подаскалува повеќе

Види и: даскалува (несв.)
подаскалуваат
Вид збор: Глагол, свршен
Поработи некое време како даскал.
Англиски: teach

подвоз повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Трошоци за превоз на стоки.
Англиски: freight charges

подгрлица повеќе

мн. подгрлици
Вид збор: Именка, женски род
Тешка болест на грлото.
Англиски: goiter Албански: sëmundje rëndë në fyt

подгрлница повеќе

мн. подгрлници
Вид збор: Именка, женски род
(само едн.) Тешка болест на грлото.

подобие повеќе

мн. подобија
Вид збор: Именка, среден род
двојник, копија, симбол
Англиски: symbol, epitome

половник повеќе

мн. половници
Вид збор: Именка, машки род
Стара мерка, околу 20 оки; половина ведро, котел, половина вреќа.

полоканик повеќе

мн. полоканици
Вид збор: Именка, машки род
Сад од половина ока течност.

полуграмотен повеќе

полуграмотниот
Вид збор: Придавка
полуписмен

помијарник повеќе

мн. помијарници
Вид збор: Именка, машки род
Место каде што се мијат садови.

поморница повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
чума
Англиски: plague

попее повеќе

попеат
Вид збор: Глагол, свршен
Чита малку, кратко време.
Англиски: read Албански: këndoj, lexoj

поруга повеќе

Види и: руга (несв.)
поругат
Вид збор: Глагол, свршен
Руга некого малку, кратко време.

посилник повеќе

мн. посилници
Вид збор: Именка, машки род
слуга на официјална личност
Српски: посилник

посланица повеќе

Види и: послание (ср.)
мн. посланици
Вид збор: Именка, женски род
послание

поста повеќе

мн. пости
Вид збор: Именка, женски род
Простор што го зафаќа еден жетвар при жнеењето, ожнеен ред од жито.

постаџија повеќе

мн. постаџии
Вид збор: Именка, машки род
Највреден, најдобар, највешт жетвар што е од десна страна на постата при жнеењето, што живее прв во постата.
Англиски: foreman

потем повеќе

Вид збор: Прилог
За време - потоа, после.
Англиски: afterwards

потур повеќе

мн. потури
Вид збор: Именка, машки род
Христијанин што примил ислам, што се потурчил.
Англиски: convert

потурјак повеќе

Види и: потур (м.)
мн. потурјаци
Вид збор: Именка, машки род
потур

потурнак повеќе

Види и: потур (м.)
мн. потурнаци
Вид збор: Именка, машки род
потур

прав повеќе

прави
Вид збор: Придавка
десен
Англиски: right Албански: e djathtë

праматар повеќе

мн. параматари
Вид збор: Именка, машки род
Трговец со ткаенини.
Англиски: chandler

праматија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
ситна галантериска стока
Англиски: trifles

превара повеќе

мн. превари
Вид збор: Именка, женски род
измама
Англиски: swindle

преварант повеќе

Види и: превара (ж.)
мн. преваранти
Вид збор: Именка, машки род
измамник
Англиски: swindler, duper Српски: преварант

предела повеќе

мн. предели
Вид збор: Именка, женски род
стадо овци
Англиски: sheep herd

предели повеќе

пределат
Вид збор: Глагол, свршен
Определи нешто некому во вид на должност, обврска, задача.
Англиски: determine

прематар повеќе

Види и: праматар (м.)
мн. прематари
Вид збор: Именка, машки род
праматар
Англиски: peddler

прениз повеќе

мн. пренизи
Вид збор: Именка, машки род
Женски украс за на глава, нанижани сребрени пари во два реда на бело платно.

преопише повеќе

Види и: опише (св.)
преопишат
Вид збор: Глагол, свршен
Опише повторно, одново.
Англиски: rewrite

препее повеќе

препеат
Вид збор: Глагол, свршен
прочита
Англиски: read Албански: lexoj

преплет повеќе

мн. преплети
Вид збор: Именка, машки род
Број при мотање на рачно изработена преѓа.
Албански: numri i mbështjelljeve të fijeve
Горниот дел на коцелот.
Албански: pjesa e epërme e kocelit

препса повеќе

препсаат
Вид збор: Глагол, свршен
личи, наликува
Англиски: remind

примре повеќе

примрат
Вид збор: Глагол, свршен
Одеднаш изгуби свест, одеднаш се онесвести.
Англиски: faint Албански: bie të fikët
Примери:
Мајка му примре од жал.

принадлежност повеќе

мн. принадлежности
Вид збор: Именка, женски род
плата на службеник
Англиски: salary

прожектира повеќе

прожектираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
проектира
Англиски: project

прожектор повеќе

Види и: проектор (м.)
мн. прожектори
Вид збор: Именка, машки род
проектор
Англиски: projector

просец повеќе

мн. просци
Вид збор: Именка, машки род
Лице што проси.
Англиски: beggar Албански: lypës
додворувач
Англиски: flatterer Албански: ledhatar, lakatar

протуѓер повеќе

мн. протуѓери
Вид збор: Именка, машки род
Лице што јавно ги соопштува вестите на улица, со викање.
Англиски: barker

прсен повеќе

прсениот
Вид збор: Придавка
Што е од прст, од земја.
Англиски: earthen

прст повеќе

мн. прсти
Вид збор: Именка, машки род
Горниот растресит дел од почвата.
Англиски: earth Албански: dhe

пртеница повеќе

мн. пртеници
Вид збор: Именка, женски род
Вид ткаенина, дебел шајак.
Албански: shajak i trash
Парче ткаенина со кое се обвиткуваат нозете обуени во опинци.
Албански: copë pëlhure

псалтика повеќе

мн. псалтики
Вид збор: Именка, женски род
Книга со црковни песни и ноти.

псалтир повеќе

мн. псалтири
Вид збор: Именка, машки род
Вид жичен инструмент со чија придружба се пеани псалмите.
Англиски: psalter Албански: psalter

публичен повеќе

публична
Вид збор: Придавка
јавен
Англиски: public

пуд повеќе

мн. пудови
Вид збор: Именка, машки род
Стара руска мерка за тежина (16, 38 кг.).
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - љ - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш