dirt - онтологија

бербатлак повеќе

Види и: бербат (прид.)
мн. бербатлаци
Вид збор: Именка, машки род
нечистотија, валканица
Употреба: Архаизам

гад повеќе

мн. гадови
Вид збор: Именка, машки род
нечистотија, валканица, гадотија
Албански: fëlliqësi

гадотија повеќе

Види и: гад (м.)
мн. гадотии
Вид збор: Именка, женски род
нечистотија

глотка повеќе

мн. глотки
Вид збор: Именка, женски род
нечистотија, раска

гнаса повеќе

мн. гнаси
Вид збор: Именка, женски род
нечистотија
Албански: papastërti

кака повеќе

мн. каки
Вид збор: Именка, женски род
(изв.) Извик со кој на детето му се укажува да не допира нечисти работи.
Албански: kaki

кал повеќе

(едн.) калта
Вид збор: Именка, женски род
нечистотија
Албански: ndyrësi, baltë

кир повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Напластена нечистотија по кожата на телото или на облеката.
Турски: kir
Употреба: Разговорно

нечистотија повеќе

мн. нечистотии
Вид збор: Именка, женски род
Нешто што не е чисто, што загадува.
Албански: ndyrësi, papastërti

пис повеќе

Вид збор: Именка, машки род
нечистотија
Турски: pis
Употреба: Архаизам , Неменлив збор

шљам повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
гнасотија, отпад
Германски: Schlamm
Употреба: Разговорно