Медицина - категорија

лазарет повеќе

мн. лазарети
Вид збор: Именка, машки род
воена полска болница
Англиски: military hospital Француски: lazaret

лаксатив повеќе

мн. лаксативи
Вид збор: Именка, машки род
Средство за прочистување на цревата.
Англиски: laxative

лаксативен повеќе

лаксативниот
Вид збор: Придавка
Што придонесува за брзо празнење на цревата.

ланцета повеќе

мн. ланцети
Вид збор: Именка, женски род
хирурски нож
Англиски: lancet

лапа повеќе

мн. лапи
Вид збор: Именка, женски род
Каша од трици, од ленено семе или од нешто друго што се става на болно место како облога.
Англиски: compress Албански: kompresë

ларингитис повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Воспаление на гркланот и грлото.
Англиски: laryngitis

лачи повеќе

лачат
Вид збор: Глагол, несвршен
Произведува и испушта некаква материја.
Англиски: excrete Албански: tajit, sekreton

легне повеќе

легнат
Вид збор: Глагол, свршен
се разболи
Англиски: fall ill Албански: sëmurem

лек повеќе

мн. лекови
Вид збор: Именка, машки род
Материја во форма на таблета, сируп, инјекција, маст што се користи за спречување и за совладување на определена болест.
Англиски: medicine Албански: bar, ilaç

лекар повеќе

мн. лекари
Вид збор: Именка, машки род
специјалист по медицина
Англиски: physician Албански: mjek

лекарственик повеќе

мн. лекарственици
Вид збор: Именка, машки род
Стара ракописна книга со рецепти на народен јазик.

лековит повеќе

лековитиот
Вид збор: Придавка
Што има својство да лекува, што има својство да исцелува, да оздравува.
Англиски: healing

лекува повеќе

лекуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Совладува некоја болест или некоја повреда.
Англиски: cure Албански: shëroj, mjekoj
(само 3л.) Има способност да исцелува, да оздравува.
Англиски: heal Албански: shëron
(се лекува) Се подложува на медицински третман.
Англиски: treat Албански: shërohet

лекувалиште повеќе

мн. лекувалишта
Вид збор: Именка, среден род
Место за лекување.
Англиски: sanatorium

лекувач повеќе

мн. лекувачи
Вид збор: Именка, машки род
Тој што лекува, а не е лекар, народен лекар.
Англиски: healer

лепра повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Кожна заразна болест при која кожата се лупи и на неа се отвораат живи рани.
Англиски: leprosy

лепрозен повеќе

Види и: лепрозен (прид.)
мн. лепрозни
Вид збор: Именка, машки род
Човек што е болен од лепра.
Англиски: leper

лепрозен повеќе

лепрозни
Вид збор: Придавка
Што се однеcува на лепра.
Англиски: leprous

летален повеќе

леталниот
Вид збор: Придавка
Што е смртоносен, убиствен.
Англиски: letal

леталитет повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
смртност
Англиски: mortality

летаргија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Болна состојба слична на длабок сон, при што пулсот и дишењето се речиси незабележлив.
Англиски: lethargy Албански: letargji

летаргичен повеќе

летаргичниот
Вид збор: Придавка
Што е болен, што се наоѓа во состојба на летаргија.
Англиски: lethargic

летница повеќе

мн. летници
Вид збор: Именка, женски род
летна треска
Англиски: hayfever Албански: ethe vere

леќеница повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Лице исфрлано со акни или од алергија; кожна болест.

леукемија повеќе

(едн.) леукемијата
Вид збор: Именка, женски род
Малигно заболување на органите што ги создаваат крвните клетки, абнормално создавање бели крвни зрнца.
Англиски: leukemia

леукоцит повеќе

мн. леукоцити
Вид збор: Именка, машки род
(обично во мн.) Бели крвни клетки (зрнца).
Англиски: leucocyte

леунка повеќе

мн. леунки
Вид збор: Именка, женски род
Жена што неодамна се породила, до 40 дена по породувањето.

леунство повеќе

(едн.) леунството
Вид збор: Именка, среден род
Период по пораѓањето.

леунче повеќе

мн. леунчиња
Вид збор: Именка, среден род
новородено бебе
Англиски: newborn child

лечебен повеќе

Види и: лековит (прид.)
лечебниот
Вид збор: Придавка
Што има својство да лекува.
Англиски: healing

лечебник повеќе

мн. лечебници
Вид збор: Именка, машки род
Тој што лекува.
Англиски: healer

лечи повеќе

Види и: лекува (несв.)
(се) лечат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) лекува
Англиски: heal

лечилиште повеќе

Види и: лекувалиште (ср.)
мн. лечичишта
Вид збор: Именка, среден род
лекувалиште
Англиски: sanatorium

либидо повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
страсна желба, сексуален нагон
Англиски: libido

лига повеќе

мн. лиги
Вид збор: Именка, женски род
Густа, слузеста леплива материја што ја лачат жлездите во устата.
Англиски: slime Албански: jargë

лигавица повеќе

мн. лигавици
Вид збор: Именка, женски род
лига
Англиски: slime Албански: jargë

лигавка повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Вирусна болест кај добитокот проследена со обилно лигавење.
Англиски: mouth-and-foot disease

лигатура повеќе

мн. лигатури
Вид збор: Именка, женски род
Конец за подврзување на крвните садови кај операциите.
Англиски: ligature Албански: ligaturë, pe

лиза повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Стадиум во болест (при воспаление на белите дробови) придружена со треcка, што се карактеризира со слабо постепено опаѓање на температурата и по слабеењето на болеста.

лимфа повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Безбојна или бледожолтеникава течност составена од крвна плазма и леукоцити (бели крвни зрнца), која тече низ крвните садови и овозможува размена на материите меѓу крвните садови и ткивото.
Англиски: lymph Албански: limfë

лимфатичен повеќе

лимфатичниот
Вид збор: Придавка
Што е болен од нарушување на функцијата на лимфата или од болест на лимфното ткиво.

лимфен повеќе

лимфниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на лимфа.

листа повеќе

мн. листи
Вид збор: Именка, женски род
Формулар на кој е испишана историјата на болеста, дијагнозата, лекувањето на болен.
Англиски: release report Албански: lëshim

листерија повеќе

мн. листерии
Вид збор: Именка, женски род
вид патогена бактерија
Латински: Listeria Англиски: Listeria

лифтинг повеќе

мн. лифтинзи
Вид збор: Именка, машки род
Естетска операција за подмладување.

лишав повеќе

лишавиот
Вид збор: Придавка
Што боледува од лишај, има лишаи.
Албански: urthake

лишави повеќе

(се) лишават
Вид збор: Глагол, несвршен
Заболува од лишаи, му се појавуваат лишаи по кожата.

лишај повеќе

мн. лишаи
Вид збор: Именка, машки род
Bид кожна болест што се јавува главно на лицето.
Англиски: eczema Албански: ekzemë

лоботомија повеќе

мн. лоботомии
Вид збор: Именка, женски род
Неврохируршка операција при која се отстранува дел од врските во предниот дел од мозокот.
Англиски: lobotomy

логопедија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Наука што се занимава со проучување и лекување на говорните мани.
Англиски: logopedics

ложи повеќе

ложат
Вид збор: Глагол, несвршен
Става облоги на болно место.
Англиски: wrap Албански: vë pacë varre

локомоторен повеќе

локомоторниот
Вид збор: Придавка
Што се на мускулите или на нервите што го поттикнуваат движењето.
Англиски: locomotive

лонгета повеќе

мн. лонгети
Вид збор: Именка, женски род
Направа од цврст материјал што служи за имобилизација на повреден дел од телото.

лоши повеќе

(се) лошат
Вид збор: Глагол, несвршен
Има чувство на тегоба.
Англиски: worsen Албански: keqësohem, molisem

луд повеќе

луди
Вид збор: Придавка
Што е умствено растроен, душевно болен.
Англиски: mad Албански: i marrë, i çmendur, i krisur

лудак повеќе

мн. лудаци
Вид збор: Именка, машки род
Луд човек, ментално болен.
Англиски: lunatic Албански: budallë, i marrë, marroq

лудило повеќе

мн. лудила
Вид збор: Именка, среден род
Душевна болест изразена со губење на разумот.
Англиски: madness Албански: marrësi, çmenduri

лудница повеќе

мн. лудници
Вид збор: Именка, женски род
Душевна болница.
Англиски: madhouse Албански: çmendinë, spital psqiatrik

лузна повеќе

мн. лузни
Вид збор: Именка, женски род
Трага на кожата од зарасната рана.
Англиски: scar Албански: mbresë, rrëpirë

лумбаго повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Болки во крстот, во слабините предизвикани од настинки, незгодни движења или заболување на 'рбетните прешлени.
Латински: lumbago Англиски: lumbago
а - б - в - г - д - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш