потаму

Вид збор: Прилог
Ранг: 2517
1. Со просторни значење - во определен правец, понапред, подалеку.
Англиски: further
Примери:
Не сакаат да погледат потаму од носот.
Зад реката се касарните, а уште потаму голите и сиви ридови.
2. Со временско значење - подоцна, во иднина.
Англиски: further
Примери:
Јас веќе не ти можам ништо, потаму останува на тебе.
Народната песна ќе се чувствува и потаму во неговите поетски текстови.
3. веќе, повеќе
Англиски: more
Примери:
Тој кимна со главата и не смееше потаму да праша за таа работа.