потекло

(едн.) потеклото
Вид збор: Именка, среден род
Ранг: 1060
1. Припадност по раѓање (кон фамилија, нација, класа).
Англиски: descent Албански: prejardhje
Примери:
Тој по потекло е Македонец.
Таа беше од благородничко потекло.
2. Тоа од што нешто потекнува, произлегува, е добиено.
Англиски: origin Албански: origjinë
Примери:
Зборот е од турско потекло.
Храна од растително потекло.