поетизација

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Претставување на нешто во поетска форма.
Употреба: Литература
Примери:
Големиот циклус творби за Гоце Делчев е еден неповторлив чин на поетизација.
Во неговите дела има пресметано создавана поетизација во сликите на природата.