народен

народни
Вид збор: Придавка
Ранг: 676
1. Што му припаѓа, што се однесува на народот.
Англиски: national Албански: popullor
Примери:
Народна банка
Народна библиотека
Народен универзитет
2. Што е својствен на народот, што потекнува од народот.
Англиски: people's Албански: popullor
Примери:
народен дух
народни обичаи
народно творештво
народни преданија
3. Што е близок, поврзан со народниот живот, со народниот дух.
Англиски: people's Албански: popullor
Примери:
народен учител
народен лекар
народен борец