вели (прид.)

„Види, види, песјачката една! Малку ѝ беше шо ми го дрпна Илковиот дел, за велјо чудо ќе ми го прелаже и браче Трајка".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На Вилка ѝ навеза ли ново кошулче? — ја праша Доста Бојана со која никаде не се делеше, та дури и на Велја сабота навалија двете еден котел, да приперат нешто ситно од децата и да набелат некоја нова нивна кошула, оти утре треба да се излезе на сретсело, а дал господ, тие двете се „брези магарици" и сите витолишки во нив ќе гледаат, а особено нивните деца: како се облечени и наружани.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Престорен во палка сега беспрекорна прелест-сјај, лач златоклун велја спрега славно спушта в сонеж-бај.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Туку, и тие се жалат, вели пашо. Еве пак овде, муфетишот Мехмед Емин испратил извештај до мутесарифот за правење канал од чешмата во Папучилар Мејдани, крај Серава, од страна на мутевелијата Нуриш-ага.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ибн Пајко направи темане со почит: „Да ти се многу години, вели пашо!“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
А најлошо од сѐ, вели пашо, е што и јас ќе бидам за нигде никаде без неа, и не знам што ќе ви е таков Турчин кој не ќе биде кадарен за ништо”.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Се качивме со Миќо без карти на возот што на велја сабота беше преполнет и се прошверцувавме до втората станица.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)