Велипеток м.

Велипеток (м.)

— Море, мирни калуѓери и на Велипеток прасе јадат; било та се рекло — одговори Јован и го ослободи Толета дека збор нема да испушти по однос на неговата посестрима Митра Брлева, што ја остави пред две три години во Софија, а која се врати и настојува да тргне со него како негов четник.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Дури и манастирска пастрма му се сладела. Еднаш, ноќе на сам Велипеток, некојси калуѓер го стапнал човечето зад бочва.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Откај левата - женска страна - низ тишината се прогласило липање - за маките Христови што наближуваат на Велипеток, за страдањата и смртта на Синот Божји - Единороден од Мајчица Богородица. ***
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Полноќ прекршила... Велипеток е... денот на големи страдања Христови...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
- Нека си пеат и третите петли... Велипеток е - ден за молитва и молчење. Отповеќе работа не се работи. Ама саде за душа човечка.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)