одмерен прид.
одмерено прил.

одмерен (прид.)

Шумовите во собата го тераа да мисли на Јана и да ја сонува, не в парк, каква што ја знаеше, туку в кревет со тој црн лекар, одмерен и пресметан дури и во љубовта.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
На портата од Алимасковци се слушнаа три одмерени удари... а преку дворот женски налани.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Градоначалникот беше човек во години, одмерен, макар што ги знаеше границите на својата власт, а кога беа со партискиот секретар на градот еден спроти друг, му ја препушташе нему иницијативата, овој пат му стана веднаш јасно дека сам треба да ја преземе иницијативата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Само во зима, на студ и голомразица, бастунот ја преземаше својата основна функција, да го потпира патот, но и тогаш дедо ми не запираше, не се колебаше, туку со одмерен чекор стигаше секое пладне да го испие своето „горко, накај средно“ кафе во „Метропол“ со пријателите-пензионери, во просек петнаесет години помлади од него.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Беше строг, крајно дискретен, конспиративен, педантен, секој збор му беше одмерен.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Го гледав движењето на нивните нозе, одмерените и претпазливи чекори.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Таа направи мала пауза, чекорејќи првин лево, а потоа десно, со одмерен ритам во звукот што во допирот со паркетот го оставаа високите штикли, (тоа беше вообичаено на нејзините предавања непосредно пред да го изнесе заклучокот) и, кога оцени дека концентрацијата на слушателите го имаше постигнато потребното ниво, им се обрати тивко, со зборови кои се голтаа во сиот нивен волумен, како пластични апови до пукнување исполнети со кислород: “Мили мои осамени срца, добро запомнете, кругот за кој зборувавме функционира во секој сегмент на општеството, отсекогаш и насекаде.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Со одмерени голтежи - пие со очите вперени во синото небо.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Развеаното шамивче го собра в дланка и со одмерен и сигурен чекор појде на кај тапанџиите.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Сарказмот, одвај видливата насмевка на крајот од усните, блесокот во стеснетите очи, одмерените движења на рацете и честите шрекини со менливата боја на гласот, оставија силен впечаток кај сите присутни.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи