мембрана ж.

мембрана (ж.)

Мембраните прскаа. Се распукнував како празен плод.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Под нежната опна, непропустливата мембрана што го поништува надворешниот свет, обликот господари со своето траење.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Површинската напнатост на подземјето беше триплирана и секаде наидувавме на истата напната мембрана која нѐ отфрлуваше.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Секогаш кога помислувам на стрипот (воопшто: на „концептуалната уметност”, вештината на преградувањето, компјутерските игри со многу прозорци во кои се наоѓаат нови многубројни прозорци, лифтови, тавани, визби - целиот тој делумно изветвен психоаналитичарски корпус, што наликува на франкенштајновиот пачворк, или на Голем, тоа купиште екстремитети како еден puzzle од „лаги” што ја создава треперливата, испресечена вистина, еден зоетрап-стрип) ми паѓа на ум (како што, веќе рековме, сенките паѓаат од ѕидовите, толку бавно како капките /оној мраз!/ што го длабат она дно?!) Емпедокловото сфаќање на окото и гледањето: окото го градат (според Платоновиот „Тимеј”) огнот и водата; огнот е раздвоен од водата со мембрани направени од мошне ситни пори кои спречуваат водата да продре внатре, а на огнот му допуштаат да излегува надвор, за да го сретне предметот на гледањето.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
„Во Јужна Америка и во Африка. Еден вид мува ќе те касне и ги полегнува своите јајца во твојата крв, и кога јајцата ќе созреат, ларвите - мали бели црвчиња - преминуваат во твоите очни јаболкца, токму под мембраната, такашто можеш да видиш како се грчат.”
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)