мана ж.
манастир м.

мана (ж.)

Значи, Грците нѐ крстиле „Бугари”, без да нѐ прашаат нас, и ние, немајќи време да гледаме и да му најдеме мана на името, си го усвоивме.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Мене тогаш не ми најде ни една мана, ама затоа сега ми наоѓа по сто секој ден.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
КЕВА: Ти се молам, Теодосе! Девојката мана си нема!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ТЕОДОС: Нема една мана, туку триста. Прво и прво, името — Стојанка, селско име.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Убави, ама, ете, таму им нашле мана!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Има една мана. Нема женичка, сирома, таа му е маната.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Секој човек си има по некоа мана и по некоа болка, токо нека се живи пријатели, има болести, има и лекови. Ако к'смет ќе а лекуаме таа болес ваа вечер.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
— Ќе си а најдиш маната, — му вели Тода, — небаре кокошка или јајца бараш да купиш, ќе тропниш на малата врата околу ручок, а оние веднаш ќе ти отворат.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
- Убаво тропа, - рече Шишман. Живото во ротата мана си немаше.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
15. КАКО ТИ Е ПОСЛАНО, ТАКА СИ И ЛЕГНИ - а утредента ако видиш поинаку си станал ти ноќните соништа за виновни ги стегни, а не само на леглото да му најдеш мана...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
— Е, јас сам го кажав тој мана, де!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но маната ѝ е во тоа што многу каса и што нејзиниот отров е многу поопасен: предизвикува големи болки, па дури и смрт.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Огнот е шеесетинка од пеколот; медот е шеесетинка од тревката мана со која господ ги нахранил гладните во пустињата; саботата е шеесетинка од оној свет; спиењето е шеесетинка од смртта; сонот е шеесетинка од пророштвата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Оваа предност на уметничкото доживување на нов начин истовремено е и нејзина најголема мана, бидејќи за разлика од генуината уметност, којашто допира речиси до секој човек, таа е резервирана само за оние кои мораат претходно да се доведат во иста состојба на променета свест и на нови естетски вреднувања.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Наместо критички да ги преиспитаат тие, свесно или несвесно, ги забошотуваат карактерните национални мани и така го отфрлаат сопствениот интелектуален развој и станувајќи, такви, национални писатели, нацијата ја сопираат во природната еволуција.
„Маргина бр. 36“ (1997)
- А бе, мани го татко ти, што знае тој за феминизмот и за сестринските врски, нека си гледа своја работа! – малку подналутено рече тетка ми.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Неговата мана, гледано од моја гледна точка, беше неговата ситничавост.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Модри од лутина, тие не ја споменуваа водата, туку нешта поврзани со меѓусебна завист и омраза - дека Сотир му купил стан на зетот в град, дека Михајло живее од наполеоните на дедо му украдени од компањони во Америка, дека Бамбо му ја дал кобилата на Бориза Штопар со мана, дека ќерка му на Бориза е вратена три месеци по мажачката сосе машината за шиење, дека Васко Бурзаноски клавал шеќер во комината за ракија, дека голем проклетилак има во сојот Куцалев, што ќе земе на заем никогаш да не врати...
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
А тој беше гас и гаќи со преседатељо на општината мислеше дека нему никој ништо не му можи и тој, заедно со овој Војнета наш мене ми ги имаше пуштено партизаните да ме убијат зошто сум бил кмет и сетне со нивни ниспет партизаните ме затворија а и уште да можи нешто најлошо тие мене ќе ми го сторат зашто тие сет вногу лоши луѓе ама и овој партизанскио суд што не ет суд туку суди само накодошени луѓе мене мана не можеше да ми најде и ме ослободи ама Трајко Казиловски и Војне мене дрвата не ми ги имаат заборавено и ако им дојде на колај тие мене пак и најлошото ќе ми го направат“.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
„Главно е на прикаската да не можеш мана да ѝ најдеш.“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК