клепка

мн. клепки
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 2566
Подвижен, кожен набор на окото, што го штити од повреда; очен капак.
Латински: palpebrae Англиски: eyelid Албански: qepallë
Употреба: Анатомија
Примери:
Трепери пламенот во моите изморени очи, клепките ми натежнуваат.
Усните ги отвора, а клепките ги составува, ко крилца од ластовичка.