а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

секој

секои
Вид збор: Заменка
Ранг: 98
1. За човек, луѓе - се однесува поединечно за сите.
Англиски: every Албански: çdokush
Употреба: Разговорно
Примери:
Секој може да помогне.
Секој од вас нека се изјасни поединечно.
(посл.) Секој човек си има своја среќа.
2. Се однесува на сѐ, сите поими и предмети.
Англиски: every
Примери:
секое утро
секоја недела
на секој чекор
Изрази
За секој случај - добро е да се преземат мерки на претпазливост.
По секоја цена - задолжително, без оглед на последиците и проблемите.
Секое зло за добро - во секое зло може да има нешто добро.
Секоја чест - признание за направено нешто, израз на почитување.