а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

никој

никого
Вид збор: Заменка
Ранг: 170
1. (неопр. зам.) За лица - ниту едно лице, ниту еден човек, ниту еден од луѓето.
Англиски: nobody
Примери:
Никој не дојде.
Никој не ме слуша.
Никој не го знае тоа.
Никој тука не живее.
Никој не видел никого.
Не се сретнал со никого.
Не верува никому.
Тоа никому не му треба.
2. ниеден, никаков
Англиски: none
Примери:
Во никој закон не го пишува тоа.
Во никој случај.
Од никоја душа за него молитва нема.
Никоја од девојките не остануваше подоцна.
Никое од децата не сакаше да се вратиме.