ракавец

мн. ракавци
Вид збор: Именка, машки род
1. Долгнавест, валчест дел од машина.
Употреба: Технологија
Примери:
Хоризонталниот ракавец на моторот од тракторот.
вертикален ракавец
2. Дел од лист од растение или од стебло на житно растение.
Англиски: stalk
Употреба: Ботаника
Примери:
По оформувањето на првиот лист од неговиот ракавец избива втор.
Испилените ларви се вовлекуваат во ракавците на стеблата на житните растенија.