петица

мн. петици
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 3728
1. Задниот дел од стапалото.
Англиски: heel Албански: thembër
Употреба: Анатомија
Примери:
Го доболеле петиците.
Гази на петици.
(разг.) Од глава до петици, од врв глава до петици.
(коса) до петици
2. Долниот дел на чорап или чевол.
Англиски: heel Албански: thembër
Примери:
голи петици
искинати петици
Изрази
Му слегло срцето в петици - многу се исплашил.
Тој му е (му оди) по петиците - го следи насекаде.
(книж.) Ахилова петица - слаба точка.