екселенција

мн. екселенции
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 32381
Превозвишеност, пресветлост; титулирање, обраќање кон висок дипломатски, државен или црковен претставник.
Англиски: Excellency
Употреба: Дипломатија
Примери:
Примете уште еднаш, Ваша екселенцијо, изрази на нашата длабока почит и уважение.
Ваша екселенцијо, со особено внимание ги следам вестите за големите поплави предизвикани од временските неприлики кои ја погодија Вашата земја, кои предизвикаа и загуба на човечки животи и големи материјални штети.