ноќен

ноќни
Вид збор: Придавка
Ранг: 1222
1. Што се случува во ноќта, што се однесува на ноќ.
Англиски: nightly
Примери:
Ноќен кошмар.
Ноќна свежина.
Ноќна прошетка.
Ноќна посета.
Ноќен страв.
Ноќна забава.
2. Што е наменет за употреба преку ноќ.
Примери:
Ноќна кошула.
Ноќно шкафче.
Ноќна ламба.
3. Што работи, дејствува преку ноќ.
Примери:
Ноќна стража.
Ноќна смена.
Ноќен локал.
Ноќен чувар.
Ноќна птица.
Ноќна пеперуга.