конак

мн. конаци
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 3237
1. Седиште на управата во турско време.
Примери:
Му судеа во конакот.
2. голема, убава куќа
Англиски: villa Турски: konak Албански: vilë
Употреба: Архаизам , Архитектура и градба , Историја
Примери:
Го здогледа конакот на бегот.
3. место за ноќевање и одмор
Англиски: accommodation Албански: konak, bujtinë
Употреба: Туризам
Примери:
Преспав во манастирските конаци.
4. Со предлогот на, место каде што некој преноќева.
Англиски: accommodation Албански: han, konak
Употреба: Историја
Примери:
На конак беа кај чорбаџијата.
Изведенки
коначки прид.
коначкиот
Што се однесува на конак.
Пример: коначки дворје