темелник

мн. темелници
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 20761
Камен што е вграден во темелите на една зграда.
Англиски: foundation stone
Употреба: Архитектура и градба
Примери:
На осветувањето на камен-темелникот на црквата присуствуваше и министерот за сообраќај.
Со симболично поставување камен-темелник денеска беше означен почетокот на изградбата на објектот.
Владата стави камен-темелник на црква во Скопје.
Но, и покрај тоа, градоначалникот во присуство на претставници од ИВЗ удрил камен-темелник во дворот на џамијата.
Денес свечено беше положен камен-темелник за изградба на исламски културен центар и џамија.
Изведенки
камен-темелник м.