исток

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 1961
1. Една од страните на светот.
Англиски: east Албански: lindje
Употреба: Географија
Примери:
Истокот се осветли од сончевите зраци.
Некаде на исток како да гореше шумата.
2. Земјите што се наоѓаат источно од Европа - Исток
Англиски: East Албански: Lindje
Употреба: Географија , Преносно значење
3. Извор, изворишен дел на река или поток.
Англиски: spring Албански: burim
Употреба: Архаизам
Изрази
Блискиот Исток
Среден Исток
Далечен Исток