животен

животниот
Вид збор: Придавка
Ранг: 1737
1. Што се однесува на животот, што е во врска со животот, што е потребно за живот.
Албански: jetësor
Примери:
животна способност
животен стандард
животни намирници
животни трошоци
2. Што е важно, што е од големо значење за или во животот.
Англиски: substantial Албански: jetësor
Примери:
Тоа е од животно значење.
животно решение
животен потег
животно прашање
животен успех
животна победа
3. Што е полн живот.
Англиски: alive Албански: me jetë
4. Што дава живот.
Албански: jetësor
Примери:
животна сила
животен сок
животна почва