рам (м.)

Во древниот поцрнет рам уморно трепкаат две чудни очи.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Крцкаат рамовите на вратите и прозорците.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
За рамови, пристоен каталог итн. ти требаат едно 4-5 илјади марки да акнеш или чмарки да бакнеш.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Сакав со него, во дотек на нови илузии во мојата свест, да го продолжам претходниот разговор, наивно верувајќи дека ќе го разуве­рам со нови сигурни елементи за погрешниот пат што го избрала мојата родна земја во изградбата на социјализмот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)