крепост ж.

крепост (ж.)

Но од крепоста никој не излезе. Прозорецот на соседната куќа се отвори.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Всушност, тие цело време се вртат во круг, како околу некоја кафкианска крепост, за да не можат никако да стасаат таму каде што наумиле...
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
А така и се случило. Не го донеле ни до половина кула и веќе закрцкало, коскената крепост се ниша.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Одраната кожа на малтерот откриваше добро изрезани бигорливи камења од какви никогаш ниедна куќа по нашите села не се градела: право да бидат богати и да живеат по крепости, под кубиња и меѓу сребрени кандила, меѓу стари и умни книги, имаа само светците.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сиот вилает, сиот Балкан, станувал сѐ повеќе прогонета волчица скучна од сомневања дури и кон својот род и пород, бил скаменето животно со душа благословувана само од пеколот - се раѓа на камен, живее на камен, ги лекува раните на камен да биде еднаш живот или вечна смрт; лежат кратовските кули на беговите врз прастар вулкански кратер и лежи на ист таков кратер Лесново со својот манастир, истината лава се купите и излеаноста над Мрежичко под Кожув, над Добро Поле под сенката на кајмакчаланските облаци и на Стара Чука кај Стојаково во Гевгелиско, во преспанските води се огледува со тага варовитата Галичица, Крушово е камен на камен; бегале пред исламски зулуми Мијаците од Дебар, оние од Река и Власите од подалеку и кревале своја крепост, се криеле во ниски врби на смирени варовници и по прнари Брсјаците, но и едните и другите, и исто толку и многу повеќе господарите, ги секле шумите, се градело, се горело, им се носел лисник на козите, потоа од планините се урнувале порои скрка и ги покривале неговите житници, на тој лом да се множат жолтогрлени гуштери и црни скакулци со тешки утроби - се шират степски и пустински површини, земјата уште само со прнар се закитува.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Патот ви е чекорење слепо, вечно ќе сте во подземна крепост.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Јас е јазик јаз'к да ми е ако не кажам што гледам што слушам ако не кажам што правам што направиле од мене што насетувам што насетиле и без мене и по мене за да има сеќавање јазикот ако не кажам кој се огрешил во име на народот, во име на Бога со предумисла со завист од зловолја во злодоба кој понижувал, истребувал, казнувал жива сода прскал со жив збор во очите на бедните и блудните крстените и недоречените слобода кој презирал не давал одземал кој се повлекувал предоцна и без крепост кој се тешел, кој се правдал ако зло правел - зло не кажал јавно!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Крепоста му ја крепеше надежта на новиот ден.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)