честопати прил.

честопати (прил.)

А Кузман честопати гонеше пљачкаши кои плачкаа секаде смело, и секогаш силен и горд, со другарите свои, победник идеше в село.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
А сега едни од нас гледаат на себе како на Бугари и ги соединуваат нашите интереси со бугарските и наместо да ја изучуваат Македонија во секаков однос, наместо да ја изучуваат историјата на Македонија во сите времиња, ги изучуваат бугарските интереси и бугарската историја и не честопати оние периоди од неа што немаат никаков однос кон Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Двете дечиња и мачето честопати си играле заедно.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Можеби помисли дека ќе му биде многу полесно да се искачи отпрвин правугоре, а после да тргне напресрека во една права линија кон таму, бидејќи вака прекутрупа снегот се лизгаше како ѓаволот и тој честопати мораше да оди на сите четири.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А од тоа, што ткаеницата на неговата сигурност во себе сега не беше достатно густа, и што честопати се чувствуваше пробиена, изрешетена, никнеше и таа притаеност и смиреност на неговите движења.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А во чекорењето снагата честопати знаеше и сама да му се згрчи и да се наежи на она место во ногата над десното колено, каде што беше најблизок големиот остар заб; тоа дури и кога бегаше од тоа да помисли го сеќаваше секогаш, на оној миг.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Како дете тој бил многу пргав и непокорен, правел многу белји, та татко му честопати морал да го казнува и со ќотек.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Честопати царот одел на лов. Еднаш - велат - царот дошол на лов во Караорман по диви свињи.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Наведнувајќи се, честопати и ќе офнеше, а потоа ќе се исправеше и со рацете ќе се фатеше за половината.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Тука веќе не помагаа неговите челични мускули, неговата непоколеблива волја и честопати пројавуваниот инает.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Потсетувајќи се на тоа а во контексот на оваа медитација, сѐ повеќе се уверувам и осознавам дека не само не е едноставен туку напротив, дека е многу сложен и честопати несовладлив проблемот авторот сестрано да го согледа и проучи феноменот на видливото.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Во рацете имаше некаква мајсторија и со колата управуваше безбедно, иако честопати, минувајќи опасни делници, ни се земаше здивот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Сакаме но честопати тоа не ни успева. Зошто?
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Ние, добри мои читатели, честопати потценуваме некои работи, ни се чини дека не ни се исплати да ги работиме. Дали е така?
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Честопати ние возрасните, ние родителите за глава се фаќаме кога ќе ни се натрупаат такви грижи.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Поетскиот хуманизам (а тоа е чинам вистинскиот збор за она што ја покренува и усвитува прозата на Чинго) во името на кого авторот толку дискретно и толку ненаметливо прозборува за човечките судбини на својата избраздена пасквелска земја е само еден од видовите на растреперениот и честопати трауматизиран сензибилитет на модерниот човек пред сето она што таа иста современост во својот незапирен победнички настап го донесува како перспектива и ослободување но и како страв од нови опасности и беспаќа.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Влада Урошевиќ уште на почетокот на својот текст „Едно име: Живко Чинго“ го открива својот впечаток за прозата на овој автор: „Кога ги читаме расказите на Живко Чинго честопати имаме впечаток дека присуствуваме на усно раскажување.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Честопати се прашувам: од што ли излеговме ние и што ни остана како наследство?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
За нив сите знаеја, и христијаните и Турците, дека носат оружје со себе, дека се во дослух со горските самовили и духови и, воопшто, со дивината според чии недофатливи закони честопати и се однесуваа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Честопати помислуваш дека само ти си останата на светот. Толку многу сама.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Повеќе