филтрира св. и несв.
филтрирање ср.

филтрира (св. и несв.)

Верувам дека едноставноста и рустикалноста можат да бидат инспирација, но само ако се филтрираат и прочистат низ образование и култура.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Татко ми со години го криеше неговиот глас, првин од нас, неговите деца, од мајка ми, за да не сее премногу немир во нашите души, првин сакаше да ги филтрира тешките пропагандни пораки, кои секогаш целеа да ги доградуваат душите на луѓето како со чекан.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Виртуелната кабина ја филтрира реалната сцена претставувајќи многу почитлив свет.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Интуицијата, филтрирана низ проста и цврста логика, му беше најсилното оружје.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Застојаниот воздух трепереше полн со честици, а сонцето мораше да го филтрира воздухот низ мрежестата нејасна замагленост.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ова нужно го придружува значителен степен на деидентификација и оградување и неизбежно се филтрира низ иронија.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)