федерален прид.

федерален (прид.)

Такви беа последните републички и федерални инструкции.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Затоа беше смирен, колку и да беше погубен за сите нас гласот од радиото: – Планот за уништување на козите е разработен и до најмалите подробности, на високо републичко и највисоко федерално ниво.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Федералните власти веруваа дека во таа „јужна република“ ќе имаат најмалку проблеми со козјото прашање.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Њујоршката федерална армија застанува на страната на Queens, таа е федерална, таа е армија, таа по самата своја природа секогаш ја сака поголемата територија. Bronx е веќе до половината срушен, има многу мртви.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Во Вуковар, откако пред тоа ги уништи градот и луѓето, федералната војска краде од продавниците пони-велосипеди.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Неговата радост беше прекината од федералната летачка администрација со одземање на дозволата поради неодобрен лет.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Првин станавме политички емигранти, за потоа да се здобиеме со државјанството на новата земја, федералното и републичкото, за потоа да станеме припадници на малцинство, па на народност (поради тоа што имавме и матична татковина)!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
На сите им беше заедничка амбицијата како да си ја задржат власта над луѓето во езерската земја, почнувајќи од функционерите од локално, па сѐ до републичко и федерално ниво.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
И со овој документ му се признавало правото на македонскиот народ на националната посебност, а во новата федерација Македонија имала рамноправен статус со останатите федерални единки.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Во средишната југословенска република, Босна и Херцеговина, и таа рожба на новата федерација и на геостратешката визија на федералниот водач, свеста за големото значење на ориенталистичките студии зајакна во врмето на австроунгарската окупација, што не беше идентичен случај во јужната република.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Меѓутоа, скорешната посета на федералниот министер за надворешни работи повеќе се должеше на неговата официјална посета на Тунис по падот на бургибизмот, отколку на некоја посебна иницијатива.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
По ослободувањето, Македонија како федерална единица со ограничен суверенитет, влеглла во рамките Федеративна Народна Република Југославија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Со донесените одлуки АСНОМ се конституирал во Врховно, законодавно и извршно тело, а Македонија стана државно-правен субјект и рамноправна федерална единица на Демократска Федеративна Југославија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Беше избран Президиум на Народното собрание кој на 16 април ја именува Првата Влада на федерална Македонија, кооптира нови членови во Народното собрание и именува членови во Федералниот суд на Македонија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Меклин ја спомнал и можноста за формирање федерална држава, која би била составена од Југославија и Бугарија, а кон која би се приклучиле Грција и Албанија и во која, според Меклин, границите на „идеална Македонија цврсто би се формирале“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во одговорот Тито исто така бил дециден но и неискрен, бидејќи истакнал дека идејата за федерација меѓу Југославија и Бугарија или со некои други држави не е интерес на Југославија и дека немал никаква намера да припои територии од Бугарија кон федерална Македонија пред одржување на мировната конференција.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во својот последен роман, Мирко Ковач „Град во огледало“ со кој ги собра книжевните награди на три држави - бивши федерални единки на СФРЈ, на вметнатите цитати во содржината на романот, не ги именува авторите.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
И за Македонија биле експлицитни, максимумот што можеле да го добијат Македонците бил федерална Македонија во рамките на федеративна Југославија и дека со сите достапни средства би се спротивставиле на формирањето "голема македонска држава, која има аспирации кон грчки територии".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)