учителка ж.

учителка (ж.)

Учителката врвеше од клупа до клупа и ги разгледуваше цртежите.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Само кашлањето му стануваше рапаво и раскршено. Го слушаше тоа кашлање и мислеше на белите, топли пазуви на својата учителка.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Учителката малку молчеше а потоа пак им рече на децата.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
- Што учителката? - го запраша татко му. - Ни кажуваше кој каков ученик е.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Подоцна се разбра дека била учителка.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Милке, ако исечеш едно стебло, колку ќе ти останат?“ праша учителката.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
„Ќе чукнам, ќе влезам и ќе ја замолам учителката да ми прости,“ - си рече и во тој миг така стори.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
„Е, гледаш! И јас знам во која училница се премести учителката Милица“ - рече тетка Стана, ја фати за рака, ја поведе во училишната зграда, ја водеше долж ходникот - сѐ до шестата врата.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Ако да остане денеска кај нас? - Ако, Лиде, нека ни биде гостин – се сложи учителката.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Учителката зачудено го пречека новото дете, но Лидија ѝ објасни: - Ова е Зоки, учителке. Зоки Поки.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Таму тој остана сѐ дотогаш додека учителката не го заврши раскажувањето на убавата приказна што ја имаше подготвено денес за децата.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
- Каде, учителке? ... Таа застана, се избриша со шамијата по вратот и челото, продува низ устата насобрана врелина и рече: - Овде, крај потоков...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Лицата ни се скиселија. - Учителка, не е убаво овдека, тесно е.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
А тоа се случува еднаш или двапати во месецот: ќе одјури учителот в град или некаде каде што го викнале по работа, а тетка Анѓа тогаш ни станува учителка.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
А јас ќе појдам кај Веснината учителка и ќе ја замолам нешто.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Второ - кога ќе посака ќе и го заврзува јазикот на учителката па не ќе може да го испрашува.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
А за Весна зборот на учителката е закон над законите.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Ми се чинеше дека кога татко ми ќе влезе во салата и ќе се сретне со учителката Вера, сите присутни ќе знаат дека тој, татко ми не е пречекан од учителката Вера како и сите други, туку некако поинаку...
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
А ако учителката Вера сега се преправа, колку да го придобие татко ми, а потоа ако се измени?
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Благица тој ден весело дотрча дома. Учителката ѝ беше дала да држи дел од часот наместо неа.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Повеќе