утрешен м.
утрешен прид.

утрешен (м.)

На левото носеше златно цурајче. Веруваше, ако го извади, утрешниот ден не ќе го дочека.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Зашто беше сам во таа ноќ, затворен во мрак, слеп за утрешниот ден.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Се барав себеси во утрешниот ден зашто судбината на коњот ме поучи? Тоа беше сѐ.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Да знаеја чалгаџиите дека му свират на утрешниот свршеник на Викторија, бездруго ќе му ја испееја и песната на нејзиниот дедо, кој истурил, по битолските меани, крбли злато од мерак по убавата Еврејка... Но не знаеја.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Клучовите на утрешниот ден се во нашите џебови.“ Беа како џинови во задимената кафеана, луѓето, дури и оние најпијаните, кришум ги гледаа од своите маси.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Кој може да издржи без спиење! Сонот е убав и мислата за утрешниот ден е убава.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
А кога истрча на улица, не знаејќи кај да оди, се усмери на дуќан кај Тимона; вчеравечер кога се разделуваа, Максим им рече дека ако им притреба за нешто во текот на утрешниот ден, то ест во саботата, таму да го побараат, на дуќан кај Тимона.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Без да се предвидат сите стапици на многуте животни искушенија, многуте испреплеткани жили на очајот, недоразбирањата, изгубеноста и стравот на споулавеноста пред утрешниот ден, можеше да се верува дека животот е бескраен сончев простор во кој она што живее, дише расте е бесмртност и вечност.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Во тие очи е оној настан што подоцна ќе дојде неизбежно како што доаѓа утрешниот ден: еден нов Микелајн, со лажно име Липа Рипс, придружник на руската принцеза (Рубинка Фаин можеби под друго име) отмено го живее својот живот во срцето на Турција.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Се намалував, гаснев - навистина ли ќе се обеси Сандре Самарија на греда? - и сѐ околу мене губеше вистинска големина, можеби и земјата што се плашеше од утрешниот ден.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не, Герасим не ги знаеше сметките - бевме триесет и осуммина, некои со по едно воле, некои со близнаци, и повеќе ѝ верувавме на прикаската за царските синови и за чумата отколку на утрешниот ден.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Попот бездруго брзал да го најде утрешниот младоженец и да му каже со насилена насмевка дека ангелите од Откровението на светецот Јован Богослов не бранат маж без жена и жена без маж да се земат, секако во љубомората повикувајќи ги во себе русоглавите небески жители да дојдат и да го престорат среќникот во жабок под кожув; желудникот го болел од пакост.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Напуштајќи го Министерството во ова време од денот, тој си го жртвува ручекот во кантината иако знаеше дека во кујната нема друга храна освен едно парче црн леб што требаше да биде сочувано за утрешниот појадок.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Откако ги заврши работите што беше предвидела да ги заврши утрешниот ден, само за да го следи Татко во ноќта, небаре да го преземе својот дел од одговорноста од татковото замислено патување, кое еден ден можеше да продолжи во реалноста, тивко се прикраде до неговата соба.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Јагулче, потем одважно се упати кон телефонот на вртење што го носеше првиот човек од безбедноста, за да го соопшти во градот одложувањето на седницата до утрешниот ден.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Решив на утрешниот “састанак” овие мои дилеми да ги поставам на дневен ред, иако знаев дека главна точка ќе биде мојот случај.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Од стопарињата бакшиш што ги оставаа некои од гледачите, Мајка имаше доволно пари да го купи млекото за утрешниот ден, во очекување на платата и на купоните, на крајот од месецот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Не дека посебно настојував, така ми идеше денот со него да го започнам со мали нежности, со божем случајни допири, со детинесто поставени прашања на кои самата си давав благоиронични одговори по што брвнував во смеа, на што тој ќе речеше - денес да се плати струјата или така нешто, и ќе ме оставеше да стојам со отпуштени раце во ходникот додека звукот од лифтот не ми потврди дека веќе е долу, и дека треба да се чека дури утрешниот ден за нов обид за остварување на онаа блискост што се сведува на радост што ете, на овој свет сме заедно, оти она што повремено нѐ зближуваше ноќе, беше само страст, дива и мрачна.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Истата вечер стариот Голдблум, облечен во ноќна анетрија, додека жена му држеше свеќник над главата, ги броеше, потплукнувајќи меѓу прстите, крупните банкноти што ги редеше на постелата, подготвувајќи ги, заедно со неколку обврзници, како практична поткрепа на предлогот што го подготвуваше за утрешниот разговор со син му. „Дојдете”, ми рече д-р Астерид.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ноќта на 6 ноември 1987 година, на приемот во амбасадата на СССР, со ништо не можеше да се претпостави дека на утрешниот ден во Тунис ќе биде означена новата ера, односно на тој ден Хабиб Бургиба ќе го доживее својот конечен пад.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Повеќе