улера ж.

улера (ж.)

Од долги проучувања и набљудувања, веќе имаше и свои заклучоци: ако ѕвездите од северната страна започнуваат како престоени цветови да венат губејќи ја бојата и сјајот, претскажува дека ќе фатат големи болести по луѓето: улери, дамли, трески, тифуси, офтики, чуми, бисерки, приштови, заушки; по ајваните: шапови, бутури, метили, лигавки, сараџи, красти, струпци; по кокошките: слепило, вртиум; по кучињата: беснило; по полето: каклици, жудилки, глутници, спарини, мемли, скувалки, пепелаш; по дрвјата: пајажини, гнилачки, имела, трат.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Заминуваме, а оддалеку, слушам, Дуковица колне: Огнот да ги изгори, улерата да ги лавне, петлите пејат, јас им зборувам на џандарите, а сакам сѐ да крака, да мука и да мјаука, гледам да не се чуе Дуковица. 224
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Улерата си ја зела косата и си коси војници. Сите се заедно, а никој никого не знае, митокос, вели. 127
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се разодврзувам, ја расплетувам косата ко улера - како што ми рече Уља - и, ајде, тргнувам околу гропчињата. Ќе пеам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
По една своја воздишка на грижа, челникот можел да процени дека познавачот на треви е болен и се сетил дека така исто бил црн и Симон Наконтик дури и по смртта и го побарал другиот тревар, го нашол и го прашал навистина ли од чумата или од улерата се поцрнува пред умирање.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тогаш Онисифор Мечкојад им се заканил со тупаница на кобниците и рекол, без да го дочекаат другиот Онисифор со оние што отишле со него да го донесат скриеното оружје, да ископаат гроб; ако е чума или улера, мртовецот треба или длабоко да се закопа или да се запали.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во тој ист вторник, иако очајот и плачењето не стивнувале, жените, дури и оние самохрани леунки и трудни вдовици наполниле неколку карти со ракија од диви круши, од грозје и од цреши и натовариле на две магариња дисаги со леб и лук, па една по друга, секоја со запалена борина во рака, пошле да ги пречекаат последните од дружината; да ја плашат со оган и писок чумата или улерата, болештина што им била позната на дедовците, еднаш, којзнае кога, додека и пците бегале од злото и се јазеле по врели карпи далеку од сите човечки патила, и побеснувале, и станувале гозба на волчи свадби или се здружувале во глутница со ревење да ги заплашуваат чобаните и бачовите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со добрина гостев, со убост ме нагостија, не улев на Бога, не ме стигна ни улерата, Господ ме чуваше од сотоната, ангели ми шетаа по домата.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)