узурпира св. и несв.

узурпира (св. и несв.)

Бев бескрупулозен. Со својата суровост и крволочност се обидував да корумпирам и узурпирам.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Според него, повлечените граници биле узурпирани, а фактот што немало „независна македонска држава“, според Еванс, не бил резултат на отсуството на македонскиот патриотизам туку со право може да се смета дека е тоа „една од грешките или лапсусите на историјата“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Арно ама, мене не ме очекуваа, па за секунда чувствувајќи се како натрапник кој ја узурпира „гајбата“, занишав со глава и бргу-бргу исчекорив, божем до тука треба да патувам... ете, на гости во комшилук на втори..
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Освен тоа што енормно беа зголемени законските обврски кои организацијата на легален штрајк ја направија скоро невозможна мисија за работниците, овие изблици на работнички револт сега се во најголема мера, целосно узурпирани од социјалниот дијалог, кој пак е само обична апологија на политичко-бирократските елити за создавање илузија дека всушност нешто се прави за подобрување на правата на работниците.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)