трнче ср.

трнче (ср.)

Од трнче умрел, рекоа.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ко на куче, ко на трнче ќе ти помине, велам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ви се јавува и сосема заборавена работа, некогаш малечко трнче што ви влегло во босата нога, помните како мајка со игличка полецка го молкне и, за да не ве боли, непрестајно дувка со уста својата душа.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Секое трнче и поточе, секое лединче кај што сме седнале, јаготките што се зацрвениле како детски обравчиња на студ...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но кога човек ќе сака да седне врз тој килим, ќе види дека во него има многу жив свет: мравки, штурчиња, разни ситни бубачки, трнчиња, ситни камчиња.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)