телце ср.

телце (ср.)

Заробениот гулаб сѐ уште преташе со крилата. Пердуви се ронеа од неговото телце и се нишаа во воздухот како снегулки.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Требаше доста време за да може да забележи како прво се испрекинуваат, а после како стануваат сѐ поретки, морничавите потреперувања на малото телце на срнчето, кое не забораваше да биде постојано притиснато некаде, во некој ѕид зад себе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Оној последниот беше малечок, со едно ситно телце, така што едвај им стасуваше до рамениците на двајцата напред.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Влакното по неговото телце веќе не беше онака излепено; тоа беше суво и се згреа, потсветнуваше суво и добро згреано.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Томчо ги подаде рацете. Прстите му го набараа малечкото растреперено телце на животното.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Слаби, ненахранети, одвај сврзани детски телциња, како шумоглави се вртевме околу својата мала, саката сенка.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ноќва, силата до изутрина, гледај го, коска и кожа, ќе му се распадне целото телце, ковче по ковче, ќе се срони во него секое ковче, таква е болеста.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Башка повеќе жежи затоа што „културата“ (во чие опкружување се обидува да дише на шкрги и да биде одвај видливо, ко Челичната Шепа, ова ситно, наказно телце по име Маргина/ Темплум, некакво си хибридче од пар култури, и затоа опасно) речиси дека е на ниво на племенска култура, без критериуми, релации, фидбек, самопрогласена, самобендисана, без најобична рецепција (а камоли „критична“!), култура во која бавењето со книги или е работа на примитивни социјалистички профитери- гребатори или најцрн идеализам кој за кратко време ишмукува толку што човек се претвора во школка, во ехо на згазен молител.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Новите технологии, да речеме, просто го вшмукуваат тоа романтично атрофирано телце на „старата уметност“ и ѝ шприцаат такви дози на „виртуелност“ што секој момент очекуваме од масата на Франкенштајн да стане некаков тоталитарен холограмски бог и да заведе ред.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Во огледалото одеднаш го забележав и братучед ми облечен во пижами, а зад него се наѕираше ситното телце на Кристина.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)