старт (м.)

Ваквите очајници не се спремни за големи игри, често пати нивната кариера завршува во морето на криминалот каде најчесто слугуваат како третокласни робови токму на оние идеи против кои во стартот на нивната мисија толку жестоко се бореле...
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Си поминал сто илјади километри, а чиниш сѐ уште си на стартот.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Влатко обезбеди статија: ЦЕЛ ГРАД КАКО ДЕПОНИЈА!!! со поднаслов: Градските власти уште пред стартот на акцијата свесни дека во предвидениот рок нема да може да се исчисти градот.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Земам парче хартија и срамежливо правам рекапитулација на сопствената кариера: добар старт, големи паузи, мал успон и веднаш потоа пад, повторно мал успон, па уште еден нешто поголем, па уште еден пад, па пак голема пауза...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Бешир беше подготвен за старт. До палатата имаше неколку стотини метри. До палатата имаше неколку стотини метри.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тоа требаше дополнително да се разгледа: Единствената мирољубива опција - пријавувањето на проблемите на соодветен општествен орган - отпаѓаше во старт, затоа што требаше да се пријавува кај самата мета...
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Го охрабрував ветувајќи му дека нема да означиме старт на претставата додека во партерот не го забележиме потребниот минимум.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Политиката на асимилација и ширење на т.н. „национална грчка свест“ Грција од самиот старт по независноста, па со добивањето на половина македонска територија по балканските војни, беше и сѐ уште е многу агресивна, а начините на спроведување на истата – безмилосни.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Остани оваа ноќ!!! кога сите сетила се во старт, последната мисла нека биде суд, за сѐ она што не можеш да решиш...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)