срамота ж.
срамоти несв.

срамота (ж.)

А не е срамота и греота јас да бидам цигански кум!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ТЕОДОС: Мала! Мала работа, голема срамота.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ПОП ЈАНЧЕ: Вистина ќе биде срамота, ама ќе свршиме голема работа.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
АНТИЦА: Ич не е срамота. Како за тебе може да се каже дека е згодна прилика.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
САВЕТКА: (влегува). За срамота што ме направи пред сваќана!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Ама пусти зет е, срамота е да брза тој. Ќе речат: не му се чека.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Погрден збор за човек што го мразиш маскара — за срамота (се направи) маслават — никакво прашање.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Почнал да пуши и тој а ма пари да си купи тутун – нема, а до посака од татка си – тоа било срамота.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Кај сила – нема правина! – Да се лажеме срамота е бегу – проговорија во еден глас попот и кефалијата – сто илјади аспри не само нашето село, ами цело Мариово сермија нема, не готови пари. Ами дајте мувлет?
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
ФЕЗЛИЕВ: Срамота. Ако веќе сте решиле да го ликвидирате Младичот за да не ви ја открие трагата, сторете го тоа доблесно, машки.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
- Срамота е! - му шепоти Малинка и гледа дали чичкото ги слуша.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- Па и првиот пат беше срамота, - ѝ реков.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Па ќе ти даде бонбонче, а можеби и чоколадо. - А, не! - ѓаволесто вели Билјана. - Срамота е!
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Кога веќе се најдоме тука греота и срамота е да и оставиме, макар тие да си го бараа сето воа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
25. ГРЕОТА Е ДА ЛАЖЕШ, СРАМОТА Е ДА СЕ ЛАЖЕШ - таков грешник и бесрамник бидува артистот кога ќе игра ролја на некој гасподин важен кому што на овој свет сѐ му е и јасно и чисто...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Црна срамота ги изеде.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Срамота е и греота, толку бакшиш ти донесе, та утре да боледува човекот — почна да ја „кандисува“ Трајко Митра, која одвај чекаше ова да го слушне.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ако ве убијам, дали вашата напудрена шугава кожа ќе ја избрише таа срамота? Како да ја избришам таа срамота?
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Ништо не макнуваме. Срамота е жена да лакоми.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А ние, добри мои читатели, не е срамота ако си признаеме, знаеме да ги влечкаме работите.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Повеќе