смени св.
смена ж.

смени (св.)

Ѝ пративме дарови на свршеницата твоја; прстенот таа го смени.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Годините не ја намалиле онаа убост; на лице свежест се гледа, младешката сочност не ја беше сменила грубост.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
В сабота ќе дојдам да ми ги сменат крпиве. А тебе, малечко, ти благодарам за прикаската.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Доста дојде. Кога ја виде дедот Петко, изненаден заблеа: — Море ми, ваа ли е, или а смени со некоа, бре Ило?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И затоа Митра се „поткршна"; си обу нови калци, нови чорапи, опаша нова фута, си го врза кадифеното гушалче; ресениот ќилим го префрли преку глава, ги растресе цулувците, ги поначешла кркмите и отпред дојде променета, макар кошулата да не ја смени.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Го поиспцуја Пушмарка што им ги сменил дарчињата, но и тие се согласија со неговото разбирање: нели се бакшиш, какви да се — роднините нема да им фатат теклив.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Само за последните шест-седум години во гратчето се сменија тројца господари.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ти, и кога би ме сменил, не би издржал повеќе од половина час да не ја прекршиш стражарската дисциплина и да не се вовреш кај неа, а јас ти веќавам дека, ако ме смениш, немам никаква намера да одам да спијам и да се откажам од мадемов што сум го открил.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Ти сигурно си веќе лут на мене што не те сменив?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Арсо нема да се врати, мајко! Го смени и станот во градот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
А сега таа стоеше тука, дојдена речиси пред неговата врата, и во неа можеше лесно да се прочита дека самјакот таа утрина само ја сменил шумата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се најде себеси, исправен, со пушката в раце, како со прстот в уста, доста подоцна, откако оној голем самјак се искри зад сртот, и сѐ што можеше да стори, беше да запали уште една од своите ретки цигари, а за сето време, додека повлекуваше од лутиот чад, во него се надигнуваше еден друг инает, кој за миг го смени она глупо чувство и го исполни до врвот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше и некое задоволство да се гледа во него, онака смирен, и покрај оној ладен напен, што го смени плачот во неговите очи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Разбрав од еден италијански војник - продолжи да објаснува Горјан - дека насекаде низ Албанија ги смениле Германци.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Одам да го сменам. Го пофаќам за палто: - Нема ништо?
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
— Има време, стрико има, ќе а смениме, пушки ќе најдеме колку да сакаш! — толку не бери гајле.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Пашата ги накажа командантот и командирите на потерните одделенија, ги смени и испрати други; валијата го смени кајмакамот и мулазимот на заптиите, но сето остана напразно. Толе в земи пропадна.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
На мајка си, која долго време не стануваше од постела, ѝ велеше: Твојата ѕвезда, мајко, ќе се затемни и ќе се смени во сечко.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
АЦО: Дадовме камион на генерален ремонт и плативме за генерален ремонт, а само е подмачкан и сменети се кариките.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Сменета е бравата. Сѐ е сменето. Гледаш.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Повеќе