ситни (несв.)

Сред овој спокој, сред оваа тишина, само невидливото небо како да ја продолжуваше својата расипничка игра, ја кинеше некаде во височините својата утроба, ја ситнеше и меко, пердувесто ја спушташе кон земјата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Витомир само ме гледа и само ситни со ситните очиња.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
тој распалил едно ситно: лиду, лиду, лиду, лиду, и ние играме, ама лабаво, ко кал за црепни да газиме, не ти носи душата да играш делнички и со пијани војници од таму си некаде, од мајчина им, не си за никаде, мочано време, и се нишаме небаре треската да не фатила, се правиме тресиопашки, скокаме наситно, а старшијата само ја ситни свирката и тогаш пукна пушка и старшијата ја олабави гајдата таа писна и занеме и во гробиштата влегоа други војници, кај ќе бараме и за овие кокошки, си велиме, и излезе еден поголем од старшијата, со едно кило петлици нареден, и вели: отечеството крвари, а вие играте, и колкумина имате српски војници, прашува, ами колку што забраа Србите, велиме, колку што им требале и броиме на прсти: Насте, Петко, Митре, избројавме дванаесет.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Хрушчов го подигнува малото шеширче, ја открива ќелавата глава и пруса, ги ситни чекорите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Продолжиле делбите, се длабеле разликите, се ситнеле народите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Откорнатите грамади ги преземаше втората група и ги ситнеше со чекани – бараше дијаманти. ( Ако се знае дека еден грам од таа скапоценост на 15 000 тони ископан камен, лесно ќе се замисли тешкиот живот на малите несреќници).
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)