североисточен прид.

североисточен (прид.)

Најдо Акиноски, кој им беше син на закланите Михаила и Трајанка Акиноски и кој зашто беше посветен од Организацијата и излезен да комитува па остана незаклан, си подигна куќа на североисточните падини на Горник, веднаш над старата Дамческа куќа, над онаа во која, по делењето, останаа да живеат Дамчевци Џаџовци.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Без сомневање најважната личност на ова време бил Анри Поенкаре, кој потекнува од Нанси во североисточна Франција, а кој работел и во Париз.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)