светне св.

светне (св.)

Неговиот труд и подвиг ги почитуваме и слични пофалби нема кому да упатиме, па иако отпосле светна, сепак надмина сѐ, како и Деница, која иако огрева најпосле, со својата светлина ги облева сите ѕвезди кои имаат сончева светлина.
„Пофалба на нашиот татко и учител словенски Кирил Филозоф“ од Климент Охридски (1754)
Во фулскиот народ ја победи безбожната измама и светна со триж вечна светлина.
„Пофалба на нашиот татко и учител словенски Кирил Филозоф“ од Климент Охридски (1754)
Со раце на колена, пушката светната ледна таа ја милува благо.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
ТЕОДОС: Арно да ги истриеш со кадифе, да светнат како зифт!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Светна лозјево од неа како од сонце! Ех, младина — убавина!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
И петли в село пеат и зората се зори - над карпа в крв се мие и темнината пие силно светнал ден!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Роб ќе стане, ден ќе светне, младост пуста в крв ќе летне!
„Песни“ од Коле Неделковски (1941)
Немирна мисла му проблесна во бушавата глава: тој се бркна в џеб и во раката веднаш му светна ноже.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Но откако дојдовте вие, деца – живна малку тој и во очите му светна нешто топло – голема надеж ни ја огреа душата.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Очите му светнаа. Се издолжи и се доближи до прозорецот.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
По раѓањето на Нешка, лицето ѝ се избистри и обеле уште колку што беше бело, очите ѝ светнаа како молња, косите ѝ беа заплетени, прибрани, а растресените цулевци како свила ги покриле ушите!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Mope, ќе си го наконте Ило ако сака да му светне куќата! — вели дедот Петко. — Стоаонка му остави алишча исав.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сега куќа нејзе ѝ светна, гредите, од црни, саѓосани, се претворија во бели, нови, небарем вчера Илко ги наделал.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Пријателе, таква нитка светна утринава и во твојот стих.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
И заборав утре кога ќе ме скрие и сто сонца светнат над нас во висината – во моите очи еден зрак ќе бие, една жива струја и дах на вистината.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Првата снегулка што неочекувано светна над него, му се стори тешка, неприродно голема и непријатно мазна.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Јас прв ќе спијам со неа. Не ти, туку јас, постар сум. Јас - ти, јас - ти, гуша за гуша, светнале и ножевите.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
„Тие од војнава не знаат ништо“, светнаа јадрите заби, „Кои тие?“ праша тогаш.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Вљубено ја гледаа снегулките, ноќта и тој. По образите ѝ се затркалаа, светнаа едри солзи.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Но зората светна и во нивното прозорче, а нивниот петел ги надвика сите петли од селото.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Повеќе