роса ж.
роси несв.

роса (ж.)

Блажени да се твоите пречесни раце, од нив му слезе на твојот народ богоразумен облик и ги напои со божествена роса нашите срца изгорени од сушата на гревот.
„Пофалба на нашиот татко и учител словенски Кирил Филозоф“ од Климент Охридски (1754)
Оваја живот ест кратка како роса и слана, и како трава и цвет и дим.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
Ја гледаш Симка? Чиста ти ја давам како роса, како солза, како китка босилек!...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
АРСО: Да си ја допееме песната! (Пее, сите го придружуваат.) Стојан се подразбуди, на невеста говори: „Стојанице, ти млада невесто, што ми лади лицето, дали ситна роса поросува или силни дождови?...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
И не чекајќи ни да запре возот сосема, на знак на Белича, обајцата искокнаа на задната врата и преку шините што блескаа од утринската роса, се изгубија во темнината.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Како огромен шарен килим долу се простираше полето и искапено во утринската роса се преливаше во златото на узреаните оризови класја, во зеленилата на тутуновите стеблинки, а тек-тук се белееја и снежните пахулки на памукот што избиваше низ распуканите чушки.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Трети бора на Трибор први го поздравија со своите подароци, а росата што беше на нив пополека се слизгаше од гранка на гранка за да слезе по стебло дури до корен и се скрие на жилите на борот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Мори, златна сваќе, златна! Какви 'рслани, млади како роса, останале кај нас вдовци и не можат да најдат, та ќе најде Илко на четириесет години, токо го ватало сиромаот — ќе си а т'че, главата од ѕидот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И уште сонцето ја немаше истресено росата од тревјето, тој веќе се спушташе кон селото од Дика.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ќе ги заборавам гладиолите и сјајот во очите на другата Марија и ќе те поведам во една утрена роса. Заборав, роса, се заниша.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Одеа меко, тромаво и страшно како оние жолтоцрни дождалци што ги наоѓаше како дете на карпи, и за миг, само за миг, низ нивната прореденост откри, замисли, со напор на претсмртник создаде бескрајна сомотна долина во која пливаа во роса две синолички.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
На сртот, во таа од роса влажна мугра, стрико Благоја им ги виде лицата на партизаните - без суви, изморени, со темни сенки под очите.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Зората во моето поле е како виолина напрегната Ридовите молчаливо руменеат како мислата на мене а гулабите играат во синевината како нашето чекање Виолината го крие во росата цвркотот на будењето Тој е како твојот смев набрекнат во младите гради Сонцето заигра по жиците и плисна млеко на музиката по сонливата трева Зората се кикоти и примира од смеа...
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Но Цане не престануваше. Се потпираше на црковниот ѕид, ги ширеше проѕирните ноздри и клокотеше како да прави гаргара. - Хи-хи-хи... Оф, ќе пукнам... А на носот роса...
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Неколку истрели плус еден и една смрт на раб на светлоста од автомобилските фарови, а само малку пред тоа Германецот го рецитираше Гете и само малку пред тоа јас мислев на гладиоли, на стебла, на роса.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
И сеедно ми е дали сум жеден и дали ќе ја испијам сета роса од пајаковите лулки.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Младо како роса, калешо, добро развиено, стројно со потечени црни очи (очигледно од долго плачење) и натажено лице.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Го раздели на две половини точно преку срце, го смалакса и ја уби притаената увереност дека ќе дојде едно утро и ќе ги удави во роса и фабрички чад сенишниот зрак и стравот.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Топла роса од солзи му ја полеа раката на Крстана.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Младиот офицер ја собра со шамивче росата набликната врз челото и продолжи да чита: Бродот изгоре, но патниците се спасија.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Повеќе