рецептор м.

рецептор (м.)

Напротив. Внимателно проследувајќи го научниот приод кон поезијата и исклучиво од аспект на одредени математички анализи, Соломон Маркус доаѓа до следните значајни заклучоци: - поетското дело е отворено и никогаш не е упатено само кон еден; - поетското дело е изложено на отворена и бесконечна метаморфоза, и тогај кога неговиот рецептор не се менува; - поезијата е носител на континуелна бесконечност на значењето; - поетското значење е рефлексно, инволутивно.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Но, мојот пријател Хорацио Цвикало има поедноставно објаснување: нервните рецептори се заситиле од ’рмбање без застој, па решиле да штрајкуваат. Ненадминливиот Хорацио!
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Алгичниот осет се восприема преку рецепторите за болка на сензибилните нервни завршетоци.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Додека бев во улога на рецептор на споменатата претстава, сфатив дека сепак игрите од моето детство продолжуваат, само што сега јас, во нив, ја заземам улогата на мојата мајка - на нем набљудувач.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Значи, за да се сфати сериозноста на делото на некој автор на рецепторот му е потребна стимулација или ако сакате, необична инспирација.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)