радиостаница ж.

радиостаница (ж.)

Во тоа време се чу сигнал од радио-станицата. Англискиот офицер ѝ пријде на радио-станицата и рече нешто на англиски јазик.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Келн за нас е познат и по тоа што овдешната радио-станица, еднаш неделно, по 20 минути, емитува вести на македонски јазик.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Се најдоа, првпат по војната, и новинари од светските новински агенции, чии имиња постојано ги слу­шаме на нашите радиостаници.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Татко ми на радиото во облик на паун, на кратките бранови, ја бараше својата радиостаница.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Имаше доволно информации од западните радиостаници, но сега новостите можеше да ги провери од доживеаната страна.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Долго време не можеше, но и не сакаше да им верува на западните радиостаници, дури и на Би-Би-Си, што кришум ја слушаше особено по нашето заспивање, дека помеѓу Тито и Сталин се случува нешто историски сериозно и дека Југославија ќе биде исклучена од братската социјалистичка заедница!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Соседот го внесе во радиостаницата, го поведе низ ходниците, го доведе до една врата на која пишуваше „кадровик” и го турна низ неа во зачадената просторија.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Лево масивно биро, телефонски апарати, радиостаница, десно долга маса покриена со црвено платно, наредени столови – за членовите на тесното политичко и воено раководство.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Особено големо влијание во пропагирањето на НОБ на народите на Југославија, а во тој контекст и во Македонија, имала радиостаницата „Слободна Југославија“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Едновремено, воспоставената врска овозможила ВШ на НОВ и ПО на Југославија да испраќа информации за настаните во Македонија до радиостаницата „Слободна Југославија“, а тоа било можност јавноста во сојузничките и неутралните земји да се запознае и со настаните во Македонија во текот на1944 година.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Еве ти го радиото. - Фаќајќи го копчето почна да пребарува по радиостаниците.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Низ цела Грција радиостаниците ја пренесуваат панихидата од атинската митрополија.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)