програмира св. и несв.
програмиран прид.

програмира (св. и несв.)

Иронијата е присутна во деконтекстуализацијата и во нејзиното заострување (специфично место на редимејдите); заробениот случај, “конзервиран” и предизвикувачки, латентен е во програмирањето на процесот на изибрање и во случајното фаќање на случајноста.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Од друга страна го чека човекот друга работа, т. е. како да ги програмира сметач­ките машини.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Колку целината на она што го чувствуваме и ткаењето на нашиот обичен, секојдневен свет се социјално програмирани, поттикнувана фикција, мрежа во која сите сме заплеткани, со исклучок на малкумина кај кои условувањето не се „фатило“, или попуштило, или кои се разбудиле од маѓепсаноста - шареноликата толпа генијалци, психотичари и мудреци?
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
cowboy - вистински хакер, што може да програмира и со затворени очи
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Интимноста на дигитално ниво ја програмира и збогатува размената на потоплите нивоа.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во блиска иднина, методите на информатичката технологија, молекуларниот инженеринг, биотехнологијата, нанотехнологијата и квантното дигитално програмирање, можат да овозможат создавање на материја, целосно детерминирана од индивидуалниот ќеиф, стил и сезонската мода.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Од друга страна се јавува друга работа - како да се програмираат машините.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Се чини дека техниката е протеза на интелигенцијата: Колективното мислење што го наметнуваат разните медии веќе е насочено кон поништување на изворноста на сензациите, кон укинување на присуството во светот, на начин луѓето да се снабдуваат со залихи информации коишто го програмираат нивното помнење.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Кај ‘исполнетиот’ програм компјутерот е програмиран за изведување низи од алгоритамски постапки - соодветно на фаталистичкото, религиско сфаќање на егзистенцијата - програмот доаѓа од бога.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Мојата постапка е родена токму од истите цели: културата, не само во Русија туку и големите култури на Европа се засновани врз критичкиот метод што е програмиран да укаже на слабостите.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)