поприлично прил.

поприлично (прил.)

Но, бидејќи не му бев одговорил а помина поприлично време Пачев ја тргна раката од моето рамо и седна на креветот. – Подобро ќе беше да ја фрлиш в оган а не да ми ја донесуваш. – Секој ден идевте за да видите како ѝ напредува работата на Пеперутката.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Вистински го сожалувам дека изгубил поприлично време во обидите да ја сфати суштината на мојот злочин.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
-Имало поприлично такви случаи, кога поединци ќе ги погазеле наредбите... затечени од непредвидливите околности, иако не можам да поверувам дека такво нешто му се има случено и на Ѓурчин.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Молчеше поприлично. Една загубена насмевка помина по нејзиното лице.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)