полага несв.

полага (несв.)

Тие веќе ги научија првите букви од крадечкиот буквар и го полагаа својот животен испит по туѓите куќи.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
„Вечерва ќе се обидам пак, можеби ќе го склонам да ми даде изан да го полагам мајсторскиот испит“, - си рече Веле, решен најотворено да разговара за тоа со Аргира.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тие денови младичот ги полагаше и своите испити во факултетот и Змејко секогаш во пладнињата го очекуваше да се врати од таму, со оној неминовен страв, а кога оној ќе дојдеше прозорците трепереа од нивната викотница.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Се разбира, сигурно тоа, - ќе речеше благо, навивачки другарот Трифун Трифуноски, - се гледа, пред очи е работата, ама сепак вие, мило мое, изберете една дарба, најблиска до вашата душа, таа што како пролетно поточе ви жубори во жиличките, во цветните, мали жилички, таа што како благо ветре ви вее пред вашите убави, сјајни очички, и ајдете запрете го Трифун Трифуноски, тој сосема се забораваше, се гледаше: него исто така треска го тресеше, како тој да полагаше.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Јас дојдов да се лекувам, велам, а не да полагам испити. — Добрѐ, добрѐ, вели главниот лекар, јас ќе ве оперирам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ослободен од секакви старателства, човекот отсега имаше да му полага сметка само на својот разум.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Границите на Евразија се поместуваат напред- назад помеѓу базенот на реката Конго и северниот брег на Медитеранот; островите на Индискиот Океан и во Пацификот постојано се заземаат и презаземаат од Океанија, или од Истазија; во Монголија, линијата на разграничувањето помеѓу Евразија и Истазија никогаш не е стабилна; околу Полот сите три сили полагаат право на огромни простори кои се главно ненаселени и неиспитани; но рамнотежата на силите секогаш останува приближно иста, а територијата што го претставува копнениот центар на секоја од супер-државите никогаш не е загрозена.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Приемот и во двата огранока на Партијата се врши со испит, што се полага на шеснаесетгодишна возраст.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
(Во неговите школски денови, се сеќаваше Винстон, во доцните педесетти години, Партијата тврдеше дека нејзин изум е само хеликоптерот; дваесет години подоцна, кога Џулија одеше на училиште, Партијата веќе полагаше право и на авионот; уште една генерација, и ќе полага право и на парната машина.)
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Или воопшто не беше свесен што се случува, сметајќи ја само за своја, и полагајќи право и на нејзината страст за друг?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Расеан низ логорите на северот каде што не се пробива ни здив од медитеранските ветрови по кои сега копнее и тој.  Во оваа студена пролет на надежната 1945 која го полага својот априлски вел презаситен со мириси на билки и брмчење на инсекти, онаму, надвор од тријажната станица во која на валкани чаршафи, пред очекуваното ослободување на логорот Берген Белзен - лежи Цви Корец.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Турнирите се држат обично по летувалиштата или бањи, по убави места што изненадуваат со својата свежест и пријатност, како и со едно концентрисано животно обилие, на кое и младиот шаховски избраник почнува некако внатрешно да полага право, иако допирот до него му го обезбедуваат туѓи средства.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Му се предадов сиот на нејзиниот предмет, францускиот го запоставив, и таа беше првата причина што попосле, на матурата, бев еден од ретките што се определија да полагаат немски јазик.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Задржаните ги притиснаа пак во еден ќош, а пред нив горе-долу по дворот шеткаше стражар на голем коњ, управувајќи го понекогаш и накај групата, кога му се чинеше дека оваа се проширила на повеќе простор одошто ѝ се полага.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
г) кај основите за платено отсуство на работникот останаа само т.н. „семејни причини“, а се избриша основот за платено отсуство од работа поради полагање стручен и/ли друг испит за потребите на работодавачот, коешто можеше да трае и над седум дена во една календарска година (чл. 55, ЗРО/03 – Пречистен текст).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Но, се воведоа и три нови права: •  правото на работникот или работничкиот претставник на синдикално образование (чл. 154, ЗРО/05); •  правото на платено отсуство од работа заради образование од сопствен интерес, и тоа само за деновите кога работникот првпат го полага испитот (чл. 155, ЗРО/05); и •  правото на платено отсуство од работа заради вршење на функции или обврски кои произлегуваат од посебни закони (пр. непрофесионални избрани функции, судии-поротници, воени обврзници и/ли резервисти, како и при вршење одбранбени должности, должности на заштита и спасување и сл.) – чл. 150, ЗРО/05; д) во сферата на мирување на правата и обврските од договорот за вработување, покрај дотогаш постоечките случаи (при неплатено отсуство, при избор или именување на државна или јавна функција и при упатување на работа во странство), се прецизира и мирувањето во случаите на: (1) притвор; (2) изречена казна или воспитна односно заштитна мерка, за период пократок од шест месеци; (3) отслужување воен рок; (4) вршење цивилна служба со надомест и (5) во други случаи определени со закон.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Воведена е и норма која предвидува задолжително полагање испит, на крајот на приправничкиот стаж, кој има третман на составен дел на стажот и се полага пред неговото истекување (чл. 50, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Ете, за пример, тие кои беа тука денес, утре полагаат испит и дојдоа да им ги проверам знаењата.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ослободувањето од плаќање на трошоците на постапката опфаќа ослободување од плаќање на такси и ослободување од полагање на аванс за трошоците на сведоците, вештаците, за увид и за судските огласи.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Работникот кој се образува, дошколува или оспособува во согласност со ЗРО, како и работникот кој се образува, дошколува или оспособува од сопствен интерес, има право на платено отсуство од работа заради полагање на испити (чл. 155, ст.1 од ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Повеќе