отсјај м.
отсјајува несв.

отсјај (м.)

Сонцето кацна долу зад Галичица оставајќи алев одсјај на небото и темничиште во дното на езерото и тие станаа да продолжат кон Ливаѓе.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Опојните, кристални звуци што, преку ширум отворените прозорци на колипката, се протегаа кон ниско наведнатите гранки на костените, преплетувајќи се со отсјајот на носталгичното септемвриско сонце.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Ги запреа коњите разгледувајќи го одблизу манастирот, восхитени од неговата убавина, кој извишен на карпата над езерото и опкружен со зеленило, се чинеше како да лебди над водата во дланки господови; езерото под него поигрува, одблеснува на сонцето и полека ја заплуснува карпата; лево од манастирот под падината на планината, клокотат огромни извори и исфрлаат изобилство вода која плавно, широко се разлева правејќи езерце што го обградува пошуменото островце пред да го пресече патот под мостот и да влезе во езерото со бучеж; на дното од мирната вода во езерото се прелеваат разнобојни алги фаќајќи ја светлината од сонцето што низ бистрата вода продира до нив; на островцето столетните дрвја ги раскририле гранките спуштени до самата вода во која фрлаат зелени отсјаји; по водата пливаат патки и лебеди, кои вознемирени од тропотот на коњите, се оддалечуваат повнатре во езерото оставајќи долги, меки бразди зад себе; на ледината крај изворите пладнуваат купчиња овци како бели, отворени цветови.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
На зајдисонце започнуваше руменилото да избива од него, како подземни вулкани, да се шири и да ја бојадисува пурпурно целата вода; птиците ги зафаќа немир, кричат и во јата трчаат по сонцето кое им бега зад планинските врвови; потпалено езерото, блескоти и фрла алови отсјаји в очи.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Преку неговото змијолико добро тело од илјадници скапоцени камчиња во чиј отсјај се прпелкаат гулаби, тело преслечено од трошноста на смеата и бесот, но сѐ уште цврсто за да го дочека моето минување.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Се лизга кон реката, од каде, споен со Птицата, ќе долета како летен кумулус со сребрен отсјај, пред нивната шумска колиба.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Лицата, бели и порозни како креда, усните – розов лакмус натопени во киселините на воздушните честички, косите – црни, блескави кациги, сепак проѕирни, со темни, но речиси фосфоресцентен отсјај, низ кој како да се наслушнуваше пискавиот чрчор на невидливите, атомичести колибри!
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Некаков обратен демон на рамнодушноста, на инерцијата и на апатијата - блед отсјај на демонот на ентропијата, кој ги насочува нештата кон максималната можност и кон апсолутната рамнотежа. okno.mk | Margina #8-9 [1994] 15
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Во отсјајот на огледалата ги забележа мустаќите и брадата кои сношти, за време на големиот танц, ги немаше на неговото лице.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Во слабиот отсјај на огнот шавна лицето на Дине Бочаровски кој набргу беше стиснат од дечињата и двете жени.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Дена ми помагаше во тоа одлагање, сета восхитено од роевите светулки низ воздухот, од роевите ѕвезди на небото, од отсјајот на месечината во потокот.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Откликнува птицата, меѓу отсјајот на секавицата и есенската грмотевица над Париз.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Врз неговата ленена кошула отсјај на фригиски вокали и селаните, дењем-ноќем, уште собираат остатоци од неговите зборови.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Притоа по лицето му помина отсјај од разгорен оган, во очите му забележав црвена точка како отвор на цевка од револвер.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
А сигурно само цицало, зашто имаше синкав отсјај во очињата.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Уште на погребот ми запре погледот на нејзиното широко, питомо, паметно лице, а сега, одблизу, на неговата белорозова кожа ги видов овде-онде расфрланите пеги што ги потенцираше црвеникавиот отсјај на нејзината коса. Таа беше тивка природа.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
– На ист начин, со бакарен отсјај, свети човековото око кога ќе вкуси дел од посакуваните благодати на нектарот на среќата – зборуваше старецот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Амам: промена на смислата Не кога ќе влезеш и кога ќе те заплисне врел и непроѕирен воздух не кога ќе те поклопат капките разлеани по ѕидовите реата, мермерот, мрморењето не кога ќе те обземе вртоглавица зашеметеност од празнината на амамот, полна пот, плот и пареа не кога ќе те погоди како отсјај во сон светлината подадена низ розетата дозирано, од високо не додека студеното сонце-иње од карши ги облагородува дрвјата, релјефите, порталите, фасадите на сараите туку кога ќе потонеш гола во гротлото ко крвава рожба во исцедокот од водолијата тукушто прсната, за да може да се слизне низ пенџерето на животот (на)право во царството на немилосрдноста кога збунетото тело ќе помисли дека секое друго место е подобро ама ќе остане и понатаму - таму без да се помести кога ќе ја осетиш жешката вода како оддалечување од секојдневието, од агонијата на распадот (целото е мислена именка, далечно минато) кога ќе се престориш течен заборав божји благослов и ќе му се предадеш на телото мислејќи си ѝ се предал на психата егзотичното прелевање на смислата сѐ додека не се претвориш во прелив како таков кога ќе се испреплетат значењата едни со други и ќе се испретурат во кошницата на светогледот а ти ќе тргнеш во потрага по почетокот кога ќе сфатиш - Бизант е капија во темните агли на памтењето цела епоха е втисната како анатолиска крпенка во обичните зборови од твојот мајчин јазик во интимата на јазикот и се спровира низ капијата кон одаите и спалните дома кајшто по извесно време по извесна стварност потеклото се заташкува сродството се изобличува јазикот има свои потреби како и телото сфаќаш и тонеш во без-сознание зад јазикот, отаде нека почека ако те чека ... Истанбул, декември 2003
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Дијамантскиот отсјај на човековата кожа, чувството дека ти си дијамант, најскап жив примерок во целоста на живата суштина: тоа неописива внатрешна радост измешана со радоста што доаѓа однадвор.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Сепак во неговите очи има еден влажникав отсјај што уште не успеала да го избрише примиреноста.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Повеќе