никој зам.
никојпат прил.

никој (зам.)

И носеше турли турли халати на мучение: сабли, стрели, маздраци, брадви, коси, српови, ражни, пили, секири, тесли, брадви и вадици и другии сечива што ги никој не знае.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
Откога виде Силјан оти никој не излезе, тргна да оди по адата, да види што земја ќе биде таа.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Никој не ни има дадено право заради него да ни се набркуваат Бугарите во нашите работи.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тоа согласување од 1897 год. беше насочено против Бугарија како божемна поттикнувачка на Македонците, но неговите резултати беа штетни не за самата Бугарија, зашто во бугарските внатрешни работи никој нема право да се меша, а за нас Македонците.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
А Локвата денес со бранови крилни, што стопани свои ве најпосле виде, та не може никој да ве скорне, силни, за вашата смелост скап спомен ќе биде!
„Локвата и Вињари“ од Лазар Поп Трајков (1903)
„Удирајте право, да не мине никој од овие наши насилници клети!“
„Локвата и Вињари“ од Лазар Поп Трајков (1903)
Во животот ропски, во страшниот пекол не, никогаш нема никој да не врати; а работа чесна го сакаме веков, имињата славни почит да ги злати.
„Локвата и Вињари“ од Лазар Поп Трајков (1903)
145. Во случајов Мисирков неправилно ги идентификува народите со феудалните владетели, зашто тие договори не се правени помеѓу народите, коишто никој и никогаш за ништо не ги прашувал, туку помеѓу суверените од разните држави.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
А во Америка никој пара не држи дома, како кај нас. Само в банка!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
МАРА: Седете тука, никој не ве тера. Нели рековте да го сочекаме Пандета додека дојде?
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
МИТРЕ: (бидејќи освен Пандета и децата никој друг не јаде).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Од темни зори на утрини летни до никоја доба на вечери зимни тој гладно пие тагата наша и потта и крвта и снагата ни.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Никој крај него немаше - вишното небе врз него, земјата скришна под него, над гробот врба стушена.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Никој не кова, не прави старите бочви големи!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Мене никој не ме разбира.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Штом ќе ти дадам знак значи дека нема никој и излегувај. (кинисуваат баба Анча прва, а Илија по неа).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
АНТИЦА: Јас ви кажав „или тој што ме спаси ќе го земам или никој друг“.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Мече, дај вода! … А Мече ги гледаше ѓаволесто и никој од нив и не слутеше каква изненада им спрема.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
1 Зад последните куќи на нашиот град, сред бавчите, покрај два реда вити тополи, што стојат високо исправени крај јазот има една голема сламена колиба, во која што сега никој не живее.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Беличот му даваше знаци на Мечета да остане мирен. – Мене – продолжи да грми чудовиштето – не може никој да ме уништи.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Повеќе