нерадосен прид.

нерадосен (прид.)

Буден, само колку за да ја сфати сета острина на својот пораз, една проклета, нерадосна будност.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Дали мора да е токму вакво лицето на нерадосната пустина во која на крајот ќе опстане само жедниот кактус на нашата осаменост?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Таа љубов, лишена од својот извор, му легна сега како нешто тешко, нерадосно згрутчено в гради, што ниту ја соживува и обогатува, ниту пак ја дотепува душата, а останува како нејзино неизменливо траење.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)