надомести св.
надомест м.

надомести (св.)

Уште при тргнувањето возот доцнеше два часа и тоа време не успеа да го надомести. Во Минхен ја изгубивме врската со Келн.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тој говор човек го носи во себе како предлитерарна свест - тој го асимилира во детството, - не го учи туку го впива и го вдишува, така што ништо не може да го надомести тој период на создавањето првите свесни впечатоци кои се, едновремено, и суштина на содржината но и феномен од јазичен крактер.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Лежејќи во водата, Кала ќе ослабеше некое кило но со јадење брзо го надоместуваше.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Судот го зеде тоа предвид, ја уважи жалбата на Китан и го задолжи Танаила да му ја надомести штетата на Китан што ја процени вештото лице.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
- Во војната е важно животот да се сочува, а потоа сѐ се надоместува... - рече игуменот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Па си велам: сега имаш мандолина... има време пропуштеното да се надомести.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Тоа како да го надоместуваше со гласовите од радиото.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Компјутерски кодираниот мозочен центар за уживање, врз основа на компатибилноста на електромагнетното и електрохемиското, ќе биде исполнет со технолошко генерираните сексуални сензации што ќе ги надоместат реалните.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Икар паѓа во својот лет кон сонцето (Ра овде дава убав премин со тоа што е бог-сонце) и станува Тот, кој го надоместува таткото.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Да резимираме: инструменталниот однос спрема телото којшто кај Декарт го воспоставува духот-субјект, кај Спиноза е надоместен со еден сосема поинаков став спрема телото, можеме да речеме агностицизам: не знаеме што може телото без соработка со духот.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Не барав ништо од него, барем само љубов да ми пружеше, да ме побараше, да ми го исполнеше животот со убави зборови, да ми ја надоместеше загубената мајчина љубов, да не ме понижуваше и мене и себе, да не слушнев никогаш дека ме заменил со друга жена.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Останав со Луција; таа ме бакнуваше страсно во устата, како да сакаше нешто да ми надомести; мене ми се гадеше и ми се блуеше; ми зборуваше дека тоа со народниот дух е сериозно, и дека сум требал да признам, но не сѐ и не одеднаш; дека сум требал да признам нежно, а не со гордост; не ја слушав, оти свеста ми беше на работ; ја прашав дали забележува дека боите воопшто не се обоени, и дека мирисите воопшто не се миризливи; попусто се обидував да го насетам мирисот на цимет во нејзината коса, оти веќе го немаше; бев сосема прилепен до нејзините гради, и ги чувствував на моите, но тие беа како брадавици на некаква мермерна Венера; всушност, чувствував дека светот е страшно изморен, и дека сите тие бои, мириси и допири се веќе стари, дека им треба обнова.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Потем доаѓаше уште една скаредност под маска, како симбол и посакување плодност; гатачот бара од домаќинот да ја надомести штетата за смртта на бабарот со овие зборови: „Ќе дајте една кора сланина, една бела погача ќе дајте една стара пара, наша млада да ви поскокнит, да му поскокни коњот на домаќинот“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Се разбира, при надоместувањето на настанатата штета учествуваат сите тави случајно присутни во неговата фурна.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Како да сакаше да го надомести изгубеното време.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Со ранец и со извалкани патики (единствено како и сега, и тогаш долго чекавме за виза пред конзулатот на јужниот сосед, што потоа се надоместуваше со едномесечни уживанции по грчките острови).
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Сега требаше да навикнеме без нив, да се надоместат нивните протеини, витамини, калории, кои дотогаш ни го заблажуваа горчливиот вкус на сиромаштија­та.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Дрвената граѓа беше скапа, но работната рака беше уште поскапа, и додатните трошоци за дрвената граѓа ќе ги надомести со заштеда за работната рака кога ќе се уредува екстериерот, додатната дрвена граѓа ќе овозможи побрзо да се заковат цементните страничници, а ќе биде поекономично, а освен тоа целата кула ќе биде поцврста.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Покрај можноста за вработување, на невработените лица на кои се однесува овој закон им се дава право, објективно гледано, повеќе формално отколку реално, ако отпочнат со вршење на дејност како трговец поединец, трговско друштво и физичко лице кое врши дејност, да добијат надоместување на средствата за придонесите на плата и на другите средства предвидени со овој закон.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Ако, пак, синдикатот не даде согласност, согласноста може да се надомести со судска одлука (чл. 200, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Повеќе